Vrabotuvanje.com - Супервизор за хемиски премази - Скопје - Johnson Matthey
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Супервизор за хемиски премази

Скопје

Рок за пријавување:

  • Johnson Matthey
 
 
Оглас за работа: Супервизор за хемиски премази
Локација: Скопје, Македонија
 
 
Clean Air Division е светски лидер во производство и развој на технологии за авто катализатори. Ги користиме нашите знаења за креирање иновативни производи кои играат клучна улога во намалување на штетните гасови и подобрување на квалитетот на воздухот, животната средина, даваме целосна поддршка на нашите клиенти со цел исполнување на законските барања на глобално ниво.
 
 
Џонсон Мети има потреба од Супервизор за Хемиски премази кој ќе им се придружи на тимот во одделот за Хемиски премази во фабриката за автокатализатори во Скопје, Македонија.
 
 
Главни одговорности:
  • Обезбедување проактивен и одговорен пристап кон правилaта за заштита на животна средина, здравје и безбедност при работа
  • Водење, управување и супервизија на тимот со цел исполнување на барањата на производниот процес според точно зададените планови и временски рокови (исполнување на дневни, неделни и месечни цели)
  • Водење и превземање одговорност за активностите и работата на тимот кој ќе биде под Ваша контрола
  • Обезбедување на квалитет според дадени спецификации и согласно утврдени временски рокови  како и креирање на високо ниво на ориентација кон квалитетот заедно со својот тим
  • Контрола над процесите во сите делови на одделот за времетраење на соодветната смена
  • Демонстрирање силни лидерски способности, мотивирање и организирање на тимот, ефективна комуникација и тренинг активности
  • Подготовка и доставување на извештаи поврзани со резултатите од производството 
  • Комуникација со останати оддели за решавање на тековни проблеми и активен придонес за подобрување на КПИ
  • Одговорен за активностите поврзани со автономно одржување (TPM активности)
  • Работа на проекти за стратешко подобрување на производствениот процес, што покрај останатото,  подразбира и активна комуникација со останатите смени и други оддели
 
Дали сте Вие идеалниот кандидат и имате?
  • Високо образование (ќе се смета за предност)
  • Минимум две години работно искуство во производствен процес на лидерска позиција (Пожелно)
  • Докажани силни лидерски способности
  • Способност за организација, менаџмент со времe и добри комуникациски способности
  • Искуство во планирање и ефективно работење во динамична и комплексна производствена средина
  • Компетентен корисник на MS Office, познавање на SAP ќе се смета за предност
  • Неопходно е владеење на говорен и пишан англиски јазик
 
Позицијата подразбира работа во смени со распоред 24/7.
 
 
Како да аплицирате:
Интерните кандидати треба да го информираат својот претпоставен за нивната намера за аплицирање.
 
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, ве молиме да аплицирате на следниот линк: https://bit.ly/2YCkhOm
 
 
Краен рок за аплицирање: 10 Август 2019

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде