Vrabotuvanje.com - CAD/CAM Инженер (CAD/CAM Engineer) - Скопје - Johnson Matthey
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

CAD/CAM Инженер (CAD/CAM Engineer)

Скопје

Рок за пријавување:

  • Johnson Matthey
 
 
Оглас за работа: CAD/CAM Инженер (CAD/CAM Engineer)
Локација: Скопје, Македонија
 
 
Clean Air Division е светски лидер во производство и развој на технологии за авто катализатори. Ги користиме нашите знаења за креирање иновативни производи кои играат клучна улога во намалување на штетните гасови и подобрување на квалитетот на воздухот, животната средина, даваме целосна поддршка на нашите клиенти со цел исполнување на законските барања на глобално ниво.
 
Џонсон Мети Скопје има потреба од CAD / CAM Инжинер ( CAD/CAM Engineer)  кој ќе се придружи на нашиот тим во Одделот за  Алати и Производно Инженерство во фабриката за автокатализатори во Скопје. Идеалниот кандидат со неговата посветеност во работата ќе придонесе во остварување на целите на тимот и подобрување на работната средина во Одделот. 
Кандидатот треба да има позитивен и аналитички пристап, да демонстрира способност за ефективна говорна и писмена комуникација на логичен начин. 
 
 
Главни одговорности:
  • Програмирање на ЦНЦ Машини за глодање и стругање
  • Откривање и корекција на проблемите на производствената линија
  • Испитувања и нарачки на нова опрема како и надградување на постоечката опрема
  • Дизајн и менаџирање на алатките кои се користат во производствената линија
  • Обезбедување сервис и поддршка во врска со алатките кои се користат во производствената линија 
  • Активно учество во развивање на процесот на документација во производство
  • Дизајнирање на прототипи на делови во производствен процес
  • Иницирање и менаџирање на проекти во производствениот процес со цел намалување на грешки и зголемена ефикасност
 
Дали сте Вие идеалниот кандидат и имате?
  • Универзитетска диплома - Машински Факултет 
  • Пожелно е кандидатот да има 2 годишно работно искуство
  • Познавање на MS Office апликации, 3D CAD софтверски пакет SolidWorks, CNC програмски пакет PowerMill
  • Одлично познавање на говорен и пишан англиски  јазик
  • Познавање на практики и процедури од областа на производство, администрација, квалитет, здравје, безбедност и животна средина
  • Способност за брзо разбирање на концепти, решавање на проблеми, внимание на детали и сл. 
 
Позицијата подразбира работа во админ смена од 08:30 часот до 16:30 часот
 
Како да аплицирате:
Интерните кандидати треба да го информираат својот претпоставен за нивната намера за аплицирање.
 
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, ве молиме да аплицирате на следниот линк: https://bit.ly/333DwE7
 
Во спротивно вашата апликација нема да биде разгледана.
 
 
Краен рок за аплицирање: 11 Август 2019

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде