Vrabotuvanje.com - Контролор за планирање на производството - Охрид - KOSTAL Group
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Контролор за планирање на производството

Охрид

Рок за пријавување:

  • KOSTAL Group

 
КОСТАЛ е  денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголемите производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс Ројс. 
 
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие? 
 
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи  истовремено баланс помеѓу работата и приватниот живот.
 
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
 
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од 
 
Контролор за планирање на производството (Production Planner Controller) во Сектор за Логистика
 
 
Работни задачи и одговорности 
  • Долгорочно планирање и мониторирање на барањата/нарачките од купувачите/клиентите;
  • Подготовка и координација во врска со планот на продажба, на дневно и неделно ниво;
  • Координација со купувачите/клиентите и мониторирање на нивнита барања и нарачки на дневна основа;
  • Планирање и контрола на испораките кон купувачите/клиентите, и во таа насока одржување на врски и координација со тимот за планирање на производството, Магацинот, како и одделите за Транспорт и Царина.
  • Исполнување на дневните и неделните планови за продажба, во согласност со барањата на купувачите и нивните нарачки одржувајќи стабилно ниво на производство, како и оптимизација на залихите на готови производи; 
 
Образование, искуство, вештини:
  • ВСС – Логистика, Економија, ПМФ- Математика, Инженеринг, ИТ;
  • Напредно познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);
  • Напредно познавање на MS Office (Excel, Word, Access, e-mail);
  • Искуство во работа на B2B проекти и опкружување; 
  • Познавање на германскиот јазик, како и искуство во работа со SAP или други ERP/MRP софтвери ќе се смета за предност; 
 
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашета лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување за " Контролор за планирање на производството" преку полето Брза Апликација
 
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди  еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
 
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
 
 
Краен рок за пријавување: 01/09/2019

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Машинско инженерство и Бродоградба изнесува 26.404 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде