Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
Ресторан Гурмет
Медитерански ресторан Гурмет има потреба од вработување на:
МЕНАЏЕР НА РЕСТОРАН
Потребни квалификации:
Со работно искуство од минимум 1 година
Способност за ефективно и професионално насочување на вработените во ресторанот;
Способност за планирање и спроведување ефективни состаноци;
Искуство во независно работење со насоченост кон резултатите;
Личен профил:
Организираност и одговорност
Самоиницијативност и енергичност
Способност за тимска работа
Способност за работа под притисок и на кратки рокови
Опис на работно место:
Врши проверка на залихите и прави нарачки за набавка на храна и сите останати продукти;
Води контрола над инвентарот и води целосен неделен рекапитулар за инвентар;
Води распоред за одржување и поправки на инвентарот;
По претходно добиена согласност од повисоки органи на Друштвото ангажира и обучува персонал.
Креира распоред за персоналот водејќи сметка да секоја смена го има потребниот број на работници;
Лично одговара на клиентите кои имаат прашања и поплаки во однос на работењето или производите;
Ние нудиме:
Конкурентна плата
Пријатна работна атмосфера
Можност за долгорочна кариера
Работно време: Во две смени – прва смена од 08:00 до 16:00 часот и втора смена од 16:00 до 24:00 часот.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горе наведените услови потребно е да испратат резиме (CV) и придружно писмо преку полето Брза Апликација.
Само апликациите кои ги исполнуваат потребните квалификации и услови ќе бидат повикани на тестирање и интервју.
Пристигнатите апликации после наведениот рок, како и некомплетните апликации нема да бидат предмет на разгледување.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Туризам и Угостителство изнесува 20.094 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!