Vrabotuvanje.com - ИТ Администратор на бази на податоци - Скопје, Охрид - Охридска банка АД Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

ИТ Администратор на бази на податоци

Скопје, Охрид

Рок за пријавување:

  • Охридска банка АД Скопје

Охридска банка вработува!  
 
Придружете се кон успешниот тим на професионалци, посветен кон издигнување на Охридска банка Сосиете Женерал во референтна банка во односите со клиентите. 
 
Оваа цел може да се оствари само со вистинските луѓе и со вистинскиот тим – преку заедничка работа и градење на тимскиот дух. Тимскиот дух – нашата прва вредност значи многу повеќе отколку само заедничка работа. Значи формирање цврсти и трајни релации засновани на почитување и доверба.  Професионализмот и иновацијата го дополнуваат тимскиот дух, а вредности кои ги цениме се и одговорноста и посветеноста кон остварување резултати.  
 
Доколку себеси се препознавате во овие вредности, Ве покануваме да станете дел од меѓународна групација со над 150-годишна историја која може да ви понуди работа во динамично опкружување со бројни можности за обуки и развој, на позицијата:

ИТ АДМИНИСТРАТОР НА БАЗИ НА ПОДАТОЦИ

Локација: Скопје, Охрид

ГЛАВНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ: 

  • Пуштање и запирање на DBE сесиите
  • Менаџирање со SQL логови
  • Управување со трансакции и заклучени слогови
  • Управување со продукциски системи 
  • Извршување на скрипти, поставување на дневни процеси и извршување на SQL наредби за потреби на апликациски измени иницирани од страна на техничката бизнис анализа
  • Се грижи и е одговорен за целосниот процес на архивирање на базите на податоци 
  • Одговорен е за конзистентноста на базите на податоци
  • Одговорен е за развојот и индексирањето на базите на податоци, нивното мигрирање, мониторинг и инсталации на сигурносни надградби
  • Одговорен е за сите барања поврзани со перформансите на базите на податоци
  • Одговорен е за управување на сите барања поврзани со репликации на базите • Одговорен е за управување со растот и големината на базите 

 
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ: 

  • ВСС (компјутерски науки/информатичка технологија)
  • Познавање на Microsoft околина
  • Солидно познавање на Англиски Јазик
  • Тимски играч
  • Вештини за решавање на проблеми
  • Способност за почитување на строго дефинирани рокови 
  • Способност за давање приоритети и делегирање
  • Одговорна, прецизна, проактивна личност, ориентирана кон постигнување резултати

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат Професионална биографија (CV), најдоцна до 05.09.2019 год.  преку полето Брза Апликација, со задолжителна назнака „Апликација за ИТ Администратор на база на податоци – Скопје/ Охрид“. 

Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од Банката во рок од една (1) година. 

Напомена: 
Апликациите без назнака нема да бидат разгледувани. 
Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју. 

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде