Крашкомерц дооел Скопје е комерцијално зависно друштво, преку кое Краш ги пласира своите производи на пазарот во Македонија. Работењето на друштвото Крашкомерц е организирано преку сегментот на малопродажба и големопродажба, додека сопствениот дистрибутивен парк гарантира испорака на производите до сите купци во внатрешноста максимално 48 часа од моментот на нарачка. Друштвото, исто така, поседува и ланец на малопродажни објекти Краш-Бомбониери во Скопје, каде потрошувачите можат да уживаат во изборот и купувањето на целокупниот Крашов асортиман.
Во моментов Крашкомерц има потреба од проширување на својот тим, на позиција:
Магацински работник
- Извршување на задачи при превземање, складирање, достава и поделба на стока
- Одговорен е за чување и правилно складирање на стоката во магацин
- Ја превезува стоката со рачен виљушкар до или од транспортното возило и врши утовар или истовар
- Врши прередување на стоката во магацин и формира палетни средства
- Одговорен е за водење на евиденција во магацин и проверка на магацинската документација
- Задолжително ги почитува мерките за заштита при работа и противпожарна заштита
- Работи и други работи согласно стручната спрема, по налог на непосредниот раководител
- За својата работа одговара на Раководителот на магацин
- Минимум средно образование
- Познавање на Windows и MS Office програми
- Возачка дозвола Б категорија, предност имаат кандидатите со Ц категорија
- Работно искуство најмалку 1 година во продажба и дистрибуција на стоки за широка потрошувачка
- Проактивен, комуникативен, фокусиран кон резултати
- Самоиницијативност и самосталност во работата
- Добра координација и способност за тимска работа
- Одговорност, кооперативност и посветеност на работата
- Возбудлива и динамична работна позиција
- Пријатна работна атмосфера во тимски дух
- Развој на кариерата низ соодветен тренинг
Сите заинтересирани кандидати, својата Професионална Биографија можат да ја достават преку полето Брза Апликација, со назнака на апликацијата “Магацински работник”.
Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Кандидатите кои не ги исполнуваат сите наведени услови, нема да бидат вклучени во селекцијата!
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!