Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
Hilton Hotels
Во Хилтон веруваме дека угостителството не е само професија. Тоа е патување кое води до личен развој, раст и откривање на разни заедници и култури. Нашиот тим го сочинуваат извонредни професионалци кои заедно работат да овозможат исклучителни искуства за секој наш гостин. По патот на кој поставуваме стандарди во хотелиерството, нашата визија „да го згрееме светот со топлината на гостопримството“ постојано не мотивира. Ние нудиме многу повеќе од соба за ноќевање. Ние создаваме незаборавни искуства за нашите гости, значајни можности за нашите вработени и позитивно влијаеме во заедницата од која сме дел.
Ако сакате да се придружите на нашето големо семејство, имаме отворени позиции за Вас.
Станете дел на првиот Хилтон во Скопје. DoubleTree by Hilton Skopje вработува:
РАКОВОДИТЕЛ НА ХОТЕЛСКАТА ПЕРАЛНА
Потребни квалификации, способности и вештини:
Високо образование
Минимум 1 година искуство од работа во перална
Познавање на англиски јазик
Работно познавање од компјутери, MS Office пакет
Возачка дозвола Б – категорија
Одлични комуникациски и презентациски вештини
Превземање на одговорност и способност за организација
Позитивен став и професионален однос кон работата
Способност за работа под притисок и конструктивно решавање на работни предизвици
Тимски „играч“, со развиени лидерски способности
Аплицирајте и испратете ја својата кратка биографија на следната адреса