Vrabotuvanje.com - Инженер за благородни соли - Скопје - Johnson Matthey
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Инженер за благородни соли

Скопје

Рок за пријавување:

  • Johnson Matthey
 
 
Оглас за работа: Инженер за благородни соли (PGM SALTS Engineer) 
Локација: Скопје, Македонија
 
Clean Air Division е светски лидер во производство и развој на технологии за авто катализатори. Ги користиме нашите знаења за креирање иновативни производи кои играат клучна улога во намалување на штетните гасови и подобрување на квалитетот на воздухот, животната средина, даваме целосна поддршка на нашите клиенти со цел исполнување на законските барања на глобално ниво.
 
Џонсон Мети има потреба од Инженер за благородни соли кој ќе му се придружи на тимот за благородни соли во фабриката за автокатализатори во Скопје, Македонија. Кандидатот треба да има позитивен и аналитички пристап, да демонстрира способност за ефективна говорна и писмена комуникација на логичен начин. 
 
 
Главни одговорности:
  • Исполнување на сите барања за квалитет на клиентите и стандардите на Џонсон Мети
  • Извршување на работните активности во одделот според плановите за производство на благородни соли
  • Контрола на материјали, суровини и остатоци, според зададени временски рамки
  • Да осигури дека сите рутински дневни/неделни активности, на пример калибрации, се исполнети и соодветно забележани
  • Комуницирање со останатите оддели во компанијата и доставување на сите неопходни информации со цел спречување на застој и загуба
  • Да раководи со процесите за производство во одделот за благородни соили со цел да се исполнат барањата на Оделот за хемиски премази и Одделот за производство, според зададените временски рамки и со соодветниот квалитет
  • Да комуницира ефективно со операторите, супервизорите и менаџерот на одделот, со цел непречено одвивање на активностите во сите смени, и сл.
 
Дали сте Вие идеалниот кандидат и имате?
  • Минимум три години работно искуство во областа на хемиската/ технолошката индустрија
  • Способност за ефикасно завршување на повеќе задачи во исто време
  • Познавање на стандардите и системите за квалитет 
  • Добри комуникациски вештини и воспоставување добри меѓучовечки односи
  • Непоходно е добро познавање на говорен и пишан англиски јазик
  • Неопходно е добро познавање на работа со компјутер
  • Високо образование во областа на хемијата ќе се смета за предност
     
Позицијата подразбира работа во смени- 24/7
 
Како да аплицирате:
Интерните кандидати треба да го информираат својот претпоставен за нивната намера за аплицирање.Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, ве молиме да аплицирате на следниот линк: https://bit.ly/2lrFOLJ
 

Во спротивно вашата апликација нема да биде разгледана.
 
Краен рок за аплицирање : 15 Септември 2019 

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде