Vrabotuvanje.com - Mаркетинг Асистент - Скопје - Финансиско друштво ТИГО Фајнанс
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Mаркетинг Асистент

Скопје

Рок за пријавување:

  • Финансиско друштво ТИГО Фајнанс
 
 
 
Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нудиме брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому. 
 
Нашиот тим се состои од професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и ИТ. Поради брз раст на компанијата, повикуваме амбициозни лица да аплицираат на позицијата 
 

Mаркетинг Асистент 

 
Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, притоа имајќи позитивен став со цел градење на успешна компанија. 
 
 
Позицијата вклучува:
  • Имплементација на стратегија за локални маркетинг активности во градовите каде имаме филијали
  • Објава на содржини на веб страна и пишување на објави за блог
  • Предлагање и развивање на идеи за креативни маркетинг кампањи
  • Следење на онлајн и офлајн кампањи 
  • Контрола на маркетинг трошоци
  • Координација со дизајнери во однос на насоки за изработка на секаков вид на промотивни материјали
  • Организација на промотивни активности
  • Организација и учество на настани
  • Извршување на административна работа потребна за непречено функционирање на одделот
  • Следење на стандарди за комуникакција на брендот, придржување до процедурите на работа, ефикасно управување со време и ефикасно извршување на обврските. 

Профил на кандидат:
  • ВСС (VII/1 степен) Eкономски факултет, насока Маркетинг
  • Претходно искуство во улогата на стручен соработнк за маркетинг од најмалку 2 години
  • Познавање на англиски јазик 
  • Претходно искуство во ажурирање и одржување на веб страни, ќе се смета за предност
  • Разбирање за елементите на маркетинг (вклучувајќи традиционален и дигитален маркетинг)
  • Добра организација и посветување внимание на детали, аналитички вештини
  • Вештини за комуникација, пишување и презентација
  • Флексибилност и тимски дух 
 
Услови од компанијата:
  • Современа и најнова технологија
  • Можност за напредување
  • Динамични работни услови во брзорастечка компанија 
 
Доколку сте спремни за нов предизвик, Ве молиме испратете Ваша биографија и мотивационо писмо на македонски јазик преку полето Аплицирај. 
 
Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. ТИГО Фајнанс го задржува правото да не избере ниту еден кандидат. 

Со самото аплицирање, кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во биографијата и мотивационото писмо да бидат чувани во базата на податоци и обработувани од ТИГО Фајнанс во рок од 6 месеца од денот на истекот на рокот за избор. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци.

 
Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје 

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде