Vrabotuvanje.com - Техничар за тестирање на автомобилски емисии (СЦАТ Техничар) / Automotive Emissions Testing Technician (SCAT Technician) - Скопје - Johnson Matthey
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Техничар за тестирање на автомобилски емисии (СЦАТ Техничар) / Automotive Emissions Testing Technician (SCAT Technician)

Скопје

Рок за пријавување:

  • Johnson Matthey
 
 

Оглас за работа: Техничар за тестирање на автомобилски емисии (СЦАТ Техничар) / Automotive Emissions Testing Technician (SCAT Technician)

Локација: Скопје, Македонија

Clean Air Division е светски лидер во производство и развој на технологии за авто катализатори. Ги користиме нашите знаења за креирање иновативни производи кои играат клучна улога во намалување на штетните гасови и подобрување на квалитетот на воздухот, животната средина, даваме целосна поддршка на нашите клиенти со цел исполнување на законските барања на глобално ниво.
 
Џонсон Мети има потреба од СЦАТ Техничар кој ќе му се придружи на тимот за Kвалитет / СЦАТ лабораторија во фабриката за автокатализатори во Скопје, Македонија.

Главни одговорности

  • Подготовка и анализа на примероци и користење на лабораториска опрема, при тоа задолжително следење на стандардите за квалитет 
  • Грижа и одржување на опремата, како и работа со садови под притисок
  • Следење на добра лабораториска пракса 
  • Асистирање во истражување и обезбедување на аналитичка поддршка при крајното тестирање на производот
  • Асистирање во навременото реализирање на финалните производи
  • Следење и придржување кон правила за заштита на животна средина, здравје и безбедност при работа 

Дали сте Вие идеалниот кандидат и имате?

  • Средно техничко образование или Универзитетска диплома од областа на Инженеринг/ Технички науки ќе се смета за предност 
  • Претходно работно искуство во производствена компанија (индустриска лабораторија) ќе се смета за предност
  • Напредно познавање на Microsoft Excel и Microsoft Office 
  • Лични карактеристики на само-мотивираност и одлични комуникациски вештини 
  • Способност за работа со куси рокови
  • Способност за учење и применување на нови вештини, а истовремено одржување на високо ниво на точност и квалитет во работењето  
  • Задолжително познавање на пишуван и говорен англиски и македонски јазик
Позицијата подразбира работа во смени со распоред 24/7

Како да аплицирате:

Интерните кандидати треба да го информираат својот претпоставен за нивната намера за аплицирање.
 
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, ве молиме да аплициратe на следниот линк:
 
 
 
Краен рок за аплицирање: 13 септември 2019

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде