Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
ПРО-ЦИТ д.о.о. Скопје, друштво од областа на трговија со автомобилски резервни делови распишува, ОГЛАС за слободни работни места:
Администратор / помошник сметководител
Опис на работното место и одговорности:
Води материјално и финансиско сметководство според двојниот систем и тоа: Главна книга, дневник и аналитичка евиденција
Се грижи за чување и заштита на сметководствените книги и е задолжен нив да ги презентира на барање на некој државен орган или институција како и на барање на Раководните органи на друштвото
Врши прием и контрола на сметководстевна документација пред да биде книжена согласно закон и актите на друштвото
Контрола на обработка на девизни сметки и девизни плаќања, увози, набавни калкулации и сл.
Пресметка на ДДВ и данок на добивка, пополнување, потпишување и поднесување на даночни пријави и сите други обрасци за даночни цели
Контрола на благајнички дневник
Подготовка на статистички извештаи
Подготовка на периодични финансиски извештаи (БУ, ББ и готовински тек)
Даночни и финансиски консултации и совети за генералниот менаџмент
Одлично познавање на MS OFFICE пакет, интернет, e-mail комуникација
Возачка дозвола Б-категорија – активен возач
Потребни професионални квалификации и функционални вештини:
Професионално квалификуван Сметководител кој постојано е во тек со професионалниот развој во своето поле докажано преку следниве критериуми:
Диплома за завршено 4-годишно високо образование од Економски Факултет (VII/1степен) (пожелен сектор: сметководство, ревизија или финансиско сметководство)
Поседување уверение за овластен сметководител од Институтот за Сметководители и Овластени Сметководители заверено во Регистарот на сметководители РМ
Работно искуство од најмалку 5 години во областа на сметководството. Предност ќе имаат кандидатите со солидно работно искуство во сектор трговија и дистрибуција.
Одлично разбирање на сметководствени правила и политики, вклучително МСФИ и МСС
Одлично познавање на Англиски Јазик.
Познавање на работа со сметководствени програми
Способност за активно, ефективно, ажурно, брзо и аналитично работењето
Способност за работа во тим, и ефикасно координирање на тим
Аналитичност, почитување на рокови, самоиницијативност и лојалност
Вашата професионална биографија (CV) со слика и Мотивационо писмо можете да ги испратите преку полето Брза Апликација, најдоцна до 20.09.2019 год.
Ќе бидат контактирани лицата кои ќе влезат во потесен избор.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Административни професии изнесува 20.922 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!