Vrabotuvanje.com - Возач на товарно возило - Скопје - Вивакс
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Возач на товарно возило

Скопје

Рок за пријавување:

  • Вивакс

Вивакс е македонска компанија која постои 25 години и брои повеќе од 100 вработени. Постојаното вложување во модернизација на производствените процеси, ја прават една од најуспешните компании на Балканот, во полето на производство на овошни сокови.

Секој напредок и достигнат успех на компанијата е резултат на успешното функционирање на целиот тим, желбата за заедничка работа и позитивната енергија.

Искористете ја можноста за кариера во Вивакс и аплицирајте за позицијата:

ВОЗАЧ НА ТОВАРНО ВОЗИЛО 

Одговорности и задачи:
  • Управува со товарно моторно возило.
  • Врши превоз на стоки до местата наведени во патниот налог и се грижи за навремен утовар и истовар.
  • Се грижи за чистотата и исправноста на возилото, како и за навремено спроведување на технички преглед и регистрација.
  • Врши и други работи што ќе му бидат доверени од страна на одговорниот за магацин и експедиција и комерцијалниот директор.
     
Потребни квалификации:
  • ССС.
  • Возачка дозвола “Ц“ категорија.
  • Минимум две години работно искуство како возач.
     
Од кандидатот очекуваме:
  • Способност за работа во тим.
  • Самоиницијативност, исполнителност, лојалност и чесност.
  • Организираност и одговорност.
  • Способност за извршување на работни задачи, врзани со рокови.
  • Ефективна вербална и писмена комуникација.
     
Ви нудиме:
  • Можност за напредување во работата.
  • Обезбеден оброк.
  • Работа во пријатна и позитивна атмосфера.
     
Сите заинтересирани кандидати нека испратат свое CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци и мотивационо писмо преку полето Брза Апликација со задолжителна назнака “ВОЗАЧ НА ТОВАРНО ВОЗИЛО“.
 
Конкурсот е отворен 10 работни денови од неговото објавување (од 11.09.2019 до 24.09.2019).
 
Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака НЕМА да бидат разгледани!

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде