Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
Квенбергер Логистик Македонија Дооел
Ние сме Quehenberger Logistics. Ние бараме мотивирани и посветени луѓе во нашата филијала во Скопје и нудиме можност да ги здружат силите со нас.
Quehenberger Logistics е меѓународна логистичка компанија со повеќе од 2.900 вработени во 18 земји во Централна и Источна Европа.
Како провајдер за транспортни услуги, мрежна и договорна логистика, ние им нудиме на нашите клиенти персонифицирани решенија. Поради силниот раст и условите на новите пазари, бараме вработени кои се подготвени за одговорно и сервисно-ориентирано работење, на следната работна позиција:
Царински застапник
Одговорности и работни задачи:
Одредува тарифни кодови за стоки во царинска постапка
Изработува царински декларации за сите царински постапки
Изработува налози за фактурирање за раздолжените декларации
Процесира барања и дозволи од електронскиот систем на дозволи EXIM
Изработува останати документи поврзани со постапките за царинење на стока
Контактира со клиенти и царински органи
Следи закони и прописи во врска со царинското работење
Потребни квалификации:
Најмалку завршено средно образование
Лиценца за вршење на застапување во царинските постапки
Претходно работно искуство од најмалку 2 години на иста позиција
Одлично познавање на СОЦДАД и EXIM
Добро познавање на MS Office пакет
Искуство во работа со КАСПЕР ќе се смета за предност
Познавање на англиски јазик
Возачка дозвола од Б категорија
Профил на кандидатот:
Самостојност во извршувањето на работните задачи
Одлични комуникациски вештини, доверливост, и способност за работа во тим
Аналитичност, педантност, способност за решавање на проблеми, и ориентираност кон резултати
Способност за работа под временски притисок
Способност и желба за учење и развивање
Што нудиме
Интересна и сигурна работа во меѓународно опкружување во кое можете да ги внесувате вашите сили и да ги развивате заедно со нас
Рамни хиерархии и кратки патеки за одлучување
Динамична корпоративна култура
Сеопфатни програми за обука
Доколку сте заинтересирани и воедно ги поседувате погоре наведените критериуми, Ве охрабруваме да ја испратите Вашата Професионална биографија преку полето Брза Апликација!
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Останато изнесува 22.029 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!