Со цел да го постигне посакуваниот квалитет во својата услуга, се објавува оглас за вработување за позициите:
Готвач
Салатер
1. Главни обврски и одговорности на Готвач:
- Самостојно врши подготовка и готови јадења согласно дадената листа на јадење или порачка;
- Соработува со останатите вработени во кујна;
- Ги одржува прехранбените артикли и води грижа за нивна исправна состојба;
- Врши дополна на продукти од магацинот согласно потребните количини за подготовка на јадењата;
- Се грижи за квалитетот и квантитетот на спремените јадеања кои се сервират на гостите;
- Уредно ја сервира примената порачка од келнерот и квалитетно ја издава;
- Се грижи за хигиената на просторот во кујната и работните алатки.
Потребни квалификации:
- Најмалку 2 години работно искуство во областа;
- Тимска работа;
- Способност за работа под притисок и со кратки рокови.
Дополнителни квалификации кои ќе бидат земени во предвид:
- Диплома или сертификат за стручна подготовка: ССС- Угостителство.
2. Главни обврски и одговорности на Салатер:
- Самостојно врши подготовка на салати и сендвичи согласно дадената листа на јадење или порачка;
- Соработува со останатите вработени во кујна;
- Ги одржува прехранбените артикли и води грижа за нивна исправна состојба;
- Врши дополна на продукти од магацинот согласно потребните количини за подготовка на јадењата;
- Се грижи за квалитетот и квантитетот на спремените јадеања кои се сервират на гостите;
- Уредно ја сервира примената порачка од келнерот и квалитетно ја издава;
- Се грижи за хигиената на просторот во кујната и работните алатки.
Потребни квалификации:
- Желба за работа во кујна;
- Тимска работа;
- Способност за работа под притисок и со кратки рокови.
Дополнителни квалификации кои ќе бидат земени во предвид:
- Диплома или сертификат за стручна подготовка: ССС- Угостителство;
- Работно искуство.
Што нудиме ние:
- Работа во динамична средина;
- Иновативна кујна, прилагодена на најмодерните трендови за исхрана (безглутенска храна, Веганска и Вегетаријанска Храна, Високо Протеинска Храна);
- Пријатна атмосфера и добри меѓучовечки односи;
- Конкурентна плата и можност за напредување;
- Нова кујна по стандардите во областа на гастрономијата.
Плати по позиции:
1. Готвач - од 22.000 до 33.000 денари;
2. Салатер - од 16.000 до 22.000 денари.