Врз основа на член 22 и член 23 од Закон за работните односи , Друштво за транспорт, трговија и услуги КОЛА ЛОГИСТИКА ДООЕЛ увоз-извоз Скопје со седиште на ул.,,Качанички пат,, бр.254, Визбегово, тел:02 2656-770, објавува оглас за вработување за работно место:
Возач - 2 (два) извршители
на определено време од 3 (три) месеци со можност за продолжување
Услови за вршење на работа:
- Средно стручно образование
- Возачка дозвола Ц категорија
- Предност ќе се смета работно искуство во дистрибуција
Краток опис на работните обврски:
- Управување на возило од соодветната категорија;
- Се грижи за постојана техничка исправност, опременост и безбедност на возилото;
- Се грижи за физичко обезбедување на стоката како истата нема да биде оштетена;
Работното време трае 40 часа неделно во работната недела. Од понеделник до петок работното време за прва смена започнува во 07:00 часот а завршува во 14:00 часот и сабота работното време започнува во 07:00 часот а завршува во 12:00 часот.
Нето платата изнесува од 17.000,00 денари до 29.000,00 денари.
Сите заинтересирани кандидати да испратат кратка биографија (CV) на е-маил
hr@kolalogistika.com.mk или на ул. Качанички пат бр.254 во рок од 5 работни дена од 24.09.2019 година до 28.09.2019 година со назнака апликација за работно место Возач.
Изборот за соодветен кандидат ќе се врши во рок од:
Доколку се пријавиле до 200 кандидати за работното место изборот се врши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.