Vrabotuvanje.com - CNC Техничар/Инженер - Охрид - KOSTAL Group
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

CNC Техничар/Инженер

Охрид

Рок за пријавување:

  • KOSTAL Group

 
КОСТАЛ е  денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголемите производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, VW, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс-Ројс. 
 
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие? 
 
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи  истовремено баланс помеѓу работата и приватниот живот.
 
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
 
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од 
 
CNC Техничар/Инженер (CNC Technician / CNC Engineer)
 
 
Работни задачи и одговорности: 
  • Сетирање и ракување на CNC машините (CNC Mill, CNC EDM-electrical discharge machining...) 
  • Правење на програми за CNC машини
  • Адаптирање на изработените програми според условите за работа
  • Работа во CAD/CAM програм и проверка на зададени параметри согласно барањата од производството
  • Изработка и корекција на техничка документација 
  • Одржување на CNC машините и работниот простор околу нив
 
Образование, искуство, вештини:
  • ССС или ВСС од Машинска струка; 
  • 3 годишно искуство во работа со CNC машини и (Mill i EDM);
  • Искуство во програмирање CNC машини;
  • Познавање на софтвер за контрола на CNC машини (Heidenhain) ќе се смета за предност;
  • Познавање нa софтверот Catia 3D Design;
  • Познавање на Microsoft Office производи (Word, Excel, Power Point и E-Mail - Outlook) како и нумерички способности; 
  • Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори); 
  • Спремност за патување и подолг престој на обука во странство; 
 
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашета лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување за "CNC Technician/Engineer" преку полето Брза Апликација.
 
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди  еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
 
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

 
Краен рок за пријавување: 13 Oктомври,2019

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде