Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
УНИБанка АД Скопје
Администратор за системски софтвер во Дирекција Информатичка технологија
Образование:
VII - 1 степен стручна подготовка - Диплома од универзитетско образование од компјутерски и телекомуникациски технологии.
Опис на работно место и одговорности:
Инсталирање, конфигурирање и администрирање на, Microsoft Windows 7 Professional, Microsoft Windows 10 Professional;
Конфигурирање и одржување на Microsoft Windows Server 2008, 2012 околина;
Имплементирање мрежна инфрастуктура и мрежни сервиси на Microsoft Windows Server, 2008, 2012 околина;
Импрементирање на Microsoft Internet Security и Acceleration Server;
Администрирање Active Directory Technology на Microsoft Windows 2008, 2012;
Конфигурирање и надгледување на виртуелна околина VMWARE.
Способност:
Комуникативна и динамична личност со способност за преземање на иницијативи;
Тимски дух, позитивен став и однесување;
Способност за работа под притисок, справување со стрес и извршување повеќе работи истовремено во кратки временски рокови;
Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето;
Висок личен интегритет, деловен и професионален однос;
Поседување на возачка дозвола од Б категорија без старател;
Познавање на англиски јазик читање и пишување;
Сертификати од завршени специјализирани курсеви и обуки ќе бидат земени како предност;
Претходно работно искуство како систем администратор ќе биде земено како предност.
Познавање и работа со Linux околина, не е задолжително, но ќе биде земено како предност.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија на македонски јазик со фотографија и мотивационо писмо преку полето Брза Апликација, или на адреса: Максим Горки бр. 6, 1000 Скопје, најдоцна до 11.10.2019 година.
Знаењето на кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе биде проверено и потврдено преку писмено и усно тестирање.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата ИТ, Телекомуникации изнесува 45.517 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!