Vrabotuvanje.com - Асистент за човечки ресурси - Скопје - Johnson Matthey
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Асистент за човечки ресурси

Скопје

Рок за пријавување:

  • Johnson Matthey
 
 
Оглас за работа: Асистент за човечки ресурси
Локација: Скопје, Македонија
 
Clean Air Division е светски лидер во производство и развој на технологии за авто катализатори. Ги користиме нашите знаења за креирање иновативни производи кои играат клучна улога во намалување на штетните гасови и подобрување на квалитетот на воздухот, животната средина, даваме целосна поддршка на нашите клиенти со цел исполнување на законските барања на глобално ниво.
 
Џонсон Мети има потреба од Асистент за човечки ресурси кој ќе му се придружи на тимот за човечки ресурси во фабриката за автокатализатори во Скопје. Позицијата обезбедува aдминистративна и општа поддршка за тимот за човечки ресурси. Позицијата постојано се надоградува и надополнува, истата дава можности за развој во делот на административната работа во одделот.
 

Главни одговорности
  • Подготовка на документи за нови вработени, договори, анекси, обезбедување на целосна документација за консолидирање на персоналните досиеја;
  • Води сметка за одјава на вработените на кои ќе им завршува вработувањето по различни основи (престанок, спогодба, на барање, истек итн.) Обезбедување и подготовка на административни работи и документи за вработените кои си заминуваат од компанијата;
  • Внесување на лични/основни податоци во системот на одделот за човечки ресурси Пантеон и редовно ажурирање на личните податоци како и податоци за пресметка на плата;
  • Информирање на сите засегнати оддели за нови почетници, каскадирање на информации поврзани со транспорт, безбедност, заштитна опрема, оброк итн.
  • Навремена и точна подготовка на налози за исплата на надоместоци на вработени, практиканти, обврски кон надворешни лица и слично, врши редовна евиденција и ажурирање на плаќањата и подготовка на потврди за исплатен данок на личен доход;
  • Пријава/одјава на вработени во АВРМ/ФЗО како и поднесување на боледувања;
  • Подготовка на потребна документација (договор, анекс, ажурирање на табела) поврзана со процесот на практиканти;
  • Одржување на организациска структура по оддели
 
Дали сте Вие идеалниот кандидат и имате?
  • Универзитетска диплома во администрација или еквивалентна област
  • 2-3 години работно искуство во административна средина и познавање на работа во областа на човечките ресурси
  • Потребно е познавање на говорен и пишан англиски јазик како и MS Office пакет (Word, Excel, PowerPoint)
  • Способност за планирање и приоретизирање на работните задачи
 
Позицијата подразбира работа во административна смена од понеделник до петок од 08:30 до 16:30 часот
 
Како да аплицирате:
Интерните кандидати треба да го информираат својот претпоставен за нивната намера за аплицирање.
 
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, ве молиме да аплицирате на следниот линк: https://bit.ly/339YPmE
 

Краен рок за аплицирање: 17 октомври 2019

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Човечки ресурси изнесува 36.801 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде