Vrabotuvanje.com - Специјалист за директна продажба на терен - Скопје - Финансиско друштво ТИГО Фајнанс
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Специјалист за директна продажба на терен

Скопје

Рок за пријавување:

  • Финансиско друштво ТИГО Фајнанс
 
 
 

Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нудиме брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому. Нашиот тим се состои од млади и амбициозни професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и ИТ. Поради брз раст на компанијата, потребни ни се ведри и вредни колеги кои ќе ја пополнат позицијата:   

Специјалист за директна продажба на терен 

Доколку вашите силни страни се проактивност, флексибилност, а притоа сте секогаш ориентирани кон резултати и исклучителна корисничка грижа, тогаш токму Вие сте лицето што го бараме!  
 
Тиго специјалистот за директна продажба на терен го знае вистинскиот начин како најдобро да стапи во директен контакт со заинтересираните лица, компетентно да им ги објасни услугите, успешно да ја реализира средбата и најважно, клиентот да го препознае Тиго како компанија која е Пријател во најпотребните моменти. Веќе се пронајдовте? Прочитајте ги сите детали подолу зошто да се приклучите кон тимот на Тиго! 
 
 
Позицијата вклучува:

  • Директна продажба на кредити на крајни корисници на терен, вклучително и презентации на договорена локација и door to door промоции
  • Поддршка на корисниците при избор на најсоодветна опција за кредититрање 
  • Поддршка на корисниците при процес на апликација
  • Следење на потенцијални клиенти и комуникација со нив 
  • Зголемување на базата на нови клиенти во согласност со маркетинг стратегиите на компанијата
  • Градење на долгорочна соработка со постоечки клиенти 
  • Соодветна промоција на брендот и постојано следење на условите на пазарот
  • Учество на состаноци, подготовка на извештаи и развивање на стратегии за теренска продажба  

 
Профил на кандидат:

  • Одлични комуникациски и продажни вештини
  • Работа со табели во Google Drive
  • Познавање на англиски јазик и MS Office
  • Вештини за преговарање и убедување
  • Искуство во теренска продажба ќе се смета како предност
  • Флексибилност за работа во две смени понеделник-сабота
  • Лица на кои предизвик им е работа со проекции и претходно утврдени таргети 

 
Услови од компанијата:

  • Компетитивна плата
  • Привлечни можности за бонуси поврзани со реализација на поставените таргети
  • Работна средина која мотивира со висок степен на тимска игра
  • Современа и најнова технологија
  • Можност за напредување
  • Динамични работни услови во брзорастечка компанија 

 
Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, Ве молиме испратете Ваша биографија и мотивационо писмо на македонски јазик преку полето Аплицирај. 
 
Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. ТИГО Фајнанс го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.  
 
Со самото аплицирање, кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во биографијата и мотивационото писмо да бидат чувани во базата на податоци и обработувани од ТИГО Фајнанс во рок од 1 година од денот на истекот на рокот за избор. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци. 
 

Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде