Vrabotuvanje.com - Техничар во одржување- електричар/ Maintenance Technician - Electrical - Скопје - Johnson Matthey
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Техничар во одржување- електричар/ Maintenance Technician - Electrical

Скопје

Рок за пријавување:

  • Johnson Matthey
 
 
Оглас за работа: Техничар во одржување- електричар/ Maintenance Technician - Electrical
Локација: Скопје, Македонија
 
Clean Air Division е светски лидер во производство и развој на технологии за авто катализатори. Ги користиме нашите знаења за креирање иновативни производи кои играат клучна улога во намалување на штетните гасови и подобрување на квалитетот на воздухот, животната средина, даваме целосна поддршка на нашите клиенти со цел исполнување на законските барања на глобално ниво.
 
Џонсон Мети има потреба од Техничар во одржување - електричар кој ќе му се придружи на тимот за Одржување во фабриката за автокатализатори во Скопје, Македонија.
 
Главни одговорности
  • Одржување на опрема од погонот за производство и останата опрема која што го подржува работењето на истото, обезбедувајќи максимална ефикасност и минимално потрошено време
  • Справување со електрични дефекти, инсталации и превентивно одржување
  • Придонес кон развој на одделот со предлози/идеи за подобрување на ефикасноста, продуктивноста и безбедноста во сите работни области
  • Грижа за резервните делови 
  • Работа со останатите колеги на совладување проблеми и изнаоѓање решенија, и сл.
  • Можност за стекнување знаења од областа на електротехниката во мултинационална компанија во и надвор од границите на државата
 
Дали сте Вие идеалниот кандидат и имате?
  • Задолжително средно образование (техничка струка) / Високо образование (Дипломиран електро инженер енергетика) би било предност
  • Пожелно е професионално искуство во оддел за електро одржување 
  • Техничко знаење и искуство во одржување електрични апликации на низок напон на електрични системи
  • Познавање на опрема за автоматика: релејно контакторска опрема, сензори, индустриски мрежи и опрема за управување
  • Способност за независно работење, ефикасно решавање на проблеми под притисок со зададени рокови
  • Потребно е основно познавање на говорен и пишан англиски јазик како и MS Office пакет
 
Позицијата подразбира работа во смени со распоред 24/7
 
Како да аплицирате:
Интерните кандидати треба да го информираат својот претпоставен за нивната намера за аплицирање.
 
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, ве молиме да аплицирате на следниот линк: https://bit.ly/2WnV2A2
 
Во спротивно вашата апликација нема да биде разгледана.
 
Краен рок за аплицирање: 9 Ноември 2019

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде