СНБ ФУД ИНВЕСТ ДООЕЛ - ДОМИНОС ПИЦА од Скопје, ул.Вељко Влаховиќ бр.26 е Компанија која својот успех го базира на тимската работа и динамичен развој, а за своите потреби објавува оглас за вработување на
Помошници во кујна - Инсајдери
Потребни квалификации:
- Завршено средно образование, пожелно угостителско
- Со или без претходно работно искуство
Личен профил:
- Организираност и одговорност
- Самоиницијативност и енергичност
- Способност за тимска работа
- Способност за работа под притисок и на кратки рокови
Опис на работно место:
- Ги подготвува производите внимава на грамажата на продуктите кои ги користи и на нормативите
- Се грижи за подготовка на потребен материјал ( зеленчук, сосеви и сл.) за да нема застој во процесот на подготовка на производите
- Се грижи за исклучителен квалитет на производите кои ги подготвува
- Одговорен е за целокупната опрема со која ги извршува своите работни обврски
- Ја одржува хигиената на алатите со кои работи
- Води грижа за хигиената во просторот
Ние нудиме:
- Пријатна работна атмосфера
- Светски признати обуки
- Можност за долгорочна кариера
Работно време:
- Неделно 40 часа
- Дневно во две смени: прва смена од 08:00 до 16:00 часот, втора смена од 16:00 до 24:00 часот
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горе наведените услови потребно е да испратат резиме (CV) и придружно писмо со наведување на работното место преку полето Брза Апликација, најдоцна до 17.11.2019 година.
Лице за контакт Ивана Чаловска Ангеловска, тел: 02/ 3125 -125
Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации.
Само апликациите кои ги исполнуваат потребните квалификации и услови ќе бидат повикани на интервју.
Пристигнатите апликации после наведениот рок, како и некомплетните апликации нема да бидат предмет на разгледување.