МАГАЦИОНЕР И ДОРАБОТНИК ВО ПЕЧАТНИЦА
Опис на работата и работните задачи:
Арт Принт Студио има потреба од лице кое ќе ги обавува следниве работни задачи:
- Магационер и Доработник во печатница (во редок случај возач за подигање и испорака на материјали)
Опис на работно место
- Магационер Примање роба, складирање, издавање, хартија, боја, фолии и алати потребни за печатница. (Правење попис еднашка месечно)
- Доработник во печатница Лепење, штосување, хефтање, перфорирање, тврд повез и сите останати доработки во печатница.
- Возач Подигање одредена итна роба (бидејќи поголемиот дел ни го доставуваат), Испорака на разновидни печатени материјали, Носење документи во разни институции по потреба, Одржување на возилата
- Помош при лепење на фолии-тапети, Сечење на графички нож, Сечење плексиглас, Форекс Центраговање, хефтање, собирање, и разни други работи во печатница
За таа цел потребно е лицето да поседува:
- Особен интерес за работа во печатница
- Лична и професионална ефективност
- Прецизност и ажурност во работатата
- Подготвеност за работа во тим, во производствен погон
- Подготвеност да ја прифати фирмата како своја
Лицето ќе ги има следнива задачи:
- Помош и работни обврски со останатите вработени за изработка на печатени продукти во печатницата Можност за добра заработка после воспоставување, усогласување и координација на целиот систем.
Вашето CV пратете го преку полето Брза Апликација, со задолжителна назнака „МАГАЦИОНЕР ДОРАБОТНИК”.
Општи правила за аплицирање: Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот). Назнака на позиција за која се аплицира.