Арт Принт Студио, има потреба да вработи:
АСИСТЕНТ/КА НА МЕНАЏМЕНТОТ ВО ПЕЧАТНИЦА
Опис на работата и работните задачи:
- Арт Принт Студио има потреба од Асистент на Менаџментот и асистирање во разни процеси при набавка, со работно искуство од минимум 3 години.
- Арт Принт ќе го дообучува лицето.
За таа цел потребно е лицето да поседува:
- Особен интерес за запознавање на машините и нивниот работен процес
- Лична и професионална ефективност
- Прецизност и ажурност во работата
- Подготвеност за работа во тим
- Подготвеност да ја прифати фирмата како своја
Лицето ќе ги има генерално следниве задачи:
- Контрола на Административниот оддел и предавање извештаи на менаџментот
- Развој на продукти во печатарскиот дел со менаџментот и организаторите во печатницата
- Менаџирање координација на обврските за производство на продукти-примени од менаџметот
- Изработување на цени и прием на нарачки (само за одделен дел)
- Комуникација со доделени клиенти и давање редовни извештаи (само одреден дел доделени клиенти)
- Активности за постојан минимум за дел од потребите во печатницата (мининална магацинска залиха) – (само одреден дел)
- Разни помошни активности потребни на Управителот
- Следење новитети за нови материјали во офсет областа и извештаи
- Човечки ресурси-вработување лица и држење интервјуа со помош на организаторите во печатницата или менаџментот
- Оптимизирање на организацијата, одржување состаноци за подобрување на организацијата и ефикасноста, заедно со другиот тим од компанијата-организатори
- Состаноци со погонските организатори и праќање извештај
- Решавање компензации на компанијата
- Изработка продукт каталози и грижа за изложбен салон
- Грижа за возила и нивни сервиси
- Разновидни асистенски работи потребни на менаџментот
Потребна е доброорганизирана личност за да се направрат реални и функционални горенаведените ангажмани.
Почетна плата 20000 денари.
Можност за добра заработка после воспоставување, усогласување и координација на целиот систем.
Вашето CV пратете го преку полето Брза Апликација, со задолжителна назнака ,, АСИСТЕНТ ОРГАНИЗАТОР”. АСИСТЕНТ ВО ПЕЧАТНИЦА
Општи работи во печатница и активности во помагање на администрацијата.
Општи правила за аплицирање: Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот). Назнака на позиција за која се аплицира.