EВН Македонија е компанија чија главна дејност е дистрибуција и снабдување со електрична енергија во Република Северна Македонија.
За потребите на одделот Планирање и набавка на енергија, Група Набавка на енергија и управување со балансна група, бараме:
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА НАБАВКА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА И УПРАВУВАЊЕ СО БАЛАНСНА ГРУПА (M/Ж)
Работни задачи и активности:
- Анализа на пазарот на енергија во Македонија и во ЈИЕ, прекугранични капацитети, цените на регионални берзи на енергија;
- Управување со балансни групи, пресметка и алокација на балансните трошоци во рамките на балансната група;
- Изработка на бизнис модели за оптимизација на енергетско портфолио;
- Развој на стратегии за набавки на енергија на отворен пазар, дефинирање на временски рамки и продукти за набавка на енергија;
- Управување со енергетски енергетски ризици кои имаат влијание на резултатите на Друштвото;
- Спроведување и учество во постапки за набавка на електрична енергија на отворен пазар за потребите на Друштвото;
- Изготвување на договори за набавка на електрична енергија за потребите на Друштвото.
Потребни квалификации:
- Високо образование со завршен ФЕИТ, Машински Факултет, ПМФ – Институт за математика (студии по применета математика, математичко програмирање);
- Одлично познавање на MS Excel, VBA, познавање на Python ќе смета за предност;
- Аналитички вештини и искуство во работа со голем број на податоци;
- Познавање на Правила за балансирање за пазарот на електрична енергија во РСМ и работа со балансни групи ќе се смета за предност;
- Солидно познавање на Англиски и/или Германски јазик;
- Развиени комуникациски вештини;
- Искуство во работа со кратки рокови.
Испратете ја Вашата куса биографија и мотивационо писмо на
jobs@evn.mk, или потполнете ја електронската апликација на нашата интернет-страница
www.evn.mk најдоцна до
30.11.2019.
Ги покануваме да аплицираат сите кандидати кои ги исполнуваат условите.
ЕВН Македонија е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса или етничко потекло, боја на кожа, пол, возраст, здравствена состојба, вид на попреченост, религиско, политичко или друго убедување, членство во синдикати, национално или социјално потекло, семеен или социјален статус, полова определба или други лични услови.
Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување.
ЕВН Македонија, Оддел за човечки ресурси
www.evn.mk,
jobs@evn.mk