Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
IuteCredit
Финансиското друштво Иуте Кредит Македонија, кое најбрзо и најкомфорно нуди кредити за физички лица има отворенa позициja за:
Финансиски асистент
Главни одговорности:
Точно и навремено евидентирање на уплати и исплати од клиенти.
Проверка и контрола на дневни изводи од денарски и девизни сметки;
Обработка, архивирање и водење на евиденција за документацијата.
Извршување на други работни задачи по налог на Директорот за финансии.
Подготовка на рекапитулари за исплата на соработници и договори на дело
Проверка на документација пред исплата на износи по одобрени кредити
Реализација на банкарски налози за уплата и исплата на одобрени кредити и останати административни трошоци
Месечно усогласување на сметководствената евиденција со евиденцијата на CRM
Подготовка на дневни, неделни и месечни извештаи за потребите на Групацијата и локалното законодавство во ексел.
Останати непрецизирани обврски од финансиското и сметководствено работење
Потребно искуство и вештини:
Универзитетска диплома
Најмалку 2 години претходно искуство во финансии
Организиран и фокусиран кон детали
Напредни компјутерски вештини особено ексел
Континуирано следење на финансиска политика, сметководство и даноци
Познавање на финансиска регулатива во земјава и интернационалните финансиски и сметководствени стандари
Искуство во управувањето со буџет, јавно сметководство и готовинскиот тек.
Способност брзо да ги разбере новите проблеми и да донесува ефикасни одлуки кои ќе превенираат губиток на финансиски средства и оперативен и репутациски ризик.
Способност за работа под притисок, планирање на личен обем на работа
Тимски играч
Познавање на англиски јазик
Вештини за користење на– Microsoft Оffice
Вештини за подготвување извештаи
Компанијата нуди:
Атрактивна плата и бонуси
Позитивна, динамична и мотивирачка работна атмосфера
Можност за стручни и едукативни обуки
Договор за вработување на неопределено време, по 6 месеци вработување на определено време во зависност од резултатите на работењето
Испратете своја биографија со работно искуство и вештини преку полето Брза Апликација, до 06.12.2019
Вашата апликација ќе биде третирана со строга доверливост. Ќе бидат контактирани само апликантите со потесен избор.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Административни професии изнесува 20.922 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!