Vrabotuvanje.com - Инженери во производство - Скопје - ОДВ-ЕЛЕКТРИК ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Инженери во производство

Скопје

Рок за пријавување:

  • ОДВ-ЕЛЕКТРИК ДООЕЛ

Оглас за Инженери во производство без работно искуство

ODW ELEKTRIK е глобален производител на кабли за автомобилска индустрија, основан во Steinau, Германија. Во моментов располага со свои производни погони во Германија, Унгарија, Украина, Македонија и Мексико и има окулу 3.000 вработени.

Како фирма во семејна сопственост на трите оснoвачки семејства, ODW ELEKTRIK обрнува посебно внимание на грижата за своите вработени, со јасно комуницирана политика на унапредување и селекција на раководители од страна на сопствените кадри на компанијата.

ODW ELEKTRIK Македонија е основан во Охрид во 2014 година. Во моментов располага со 4.500 м2 производна површина и окулу 450 вработени. Проширувањето на производниот погон за дополнителни 4.500 м2 е во тек, компанијата за неколку години ќе вработува над 1.000 вработени на вкупна површина од 9.000 м2.

Со цел да ги задоволиме потребите од зголемениот обем на работа и да ги креираме нашите идни лидери и раководители, ODW ELEKTRIK вработува Инженери во производство без работно искуство.

Потребни квалификации на кандидатите:

  • Дипломиран инженер на машински, електро, мехатроника, роботика, или било кој друг технички факултет (технолошки, хемиски, физика, итн.);
  • Освен кандидати со оформено образование, со овој оглас се обраќаме и на апсолвенти на соодветните факултети, што се заинтересирани да започнат веднаш со работа и да ги довршат своите испити во текот на првите неколку месеци од својот ангажман;
  • Одлично познавање на пишан и говорен англиски јазик;
  • Одлични познавања на компјутерски вештини и програми; 
  • Способност за планирање, организација и реализација на активности со конкретен рок;
  • Способност за приспособување на нови и различни задачи;
  • Амбициозност и желба да се достигне квалитет на работата и личен развој далеку над Македонскиот просек.

Станете еден од идните раководители на ODW ELEKTRIK!

Што ве очекува:

Во првите осум месеци ќе го поминете основниот модул за обука и ориентација на ODW ELEKTRIK. За време на тој модул ќе поминете по два месеци на:
  • Производна лента;
  • Сетирање на машини и ЅРС;
  • Подготовка и организација на производството;
  • Службата за осигурување квалитет.

По успешното апсолвирање на основниот модул, според вашите резултати, наклоности и оценката на претпоставените ќе бидете распоредени на конкретно работно место.

Кандидатите што ќе ги исполнат очекувањата на ODW ELEKTRIK ги очекува успешна кариера во рамките на ODW ELEKTRIK групацијата, во Македонија или во странство.

Вашата кратка биографија и мотивациско писмо, можете да ги доставите електронски на адреса: 
personalwesen-mk@odw-elektrik.com
 


Рок на пријавување до 12.01.2020 година.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Машинско инженерство и Бродоградба изнесува 26.404 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде