Макстил АД Скопје (
www.makstil.com) како компанија постои повеќе од 20 години, но нашите почетоци се уште подалечни. Нашите производствени погони Челичарница и Валавница за дебели лимови беа дел и од поранешното претпријатие Рудници и железарница „Скопје“ основа 1967 година.
Kако дел од DITH, Макстил АД е еден од најголемите регионални производители на топловалани дебели лимови, со преку 950 вработени и годишен капацитет од преку 350.000 тони.
Во моментов, во рамки на нашиот тим се отворени следните работни места:
Извршители во машинско одржување – 10 (десет) извршители
Опис на работно место:
- Извршување на браварски активности како: сервис, заварување, сечење, брусење, подесување, центрирање и слично, на машинската опрема која се користи во производниот процес;
- Контрола, дефектажа и отклонување на причината за дефектот на постројките и опремата;
- Грижа за исправноста на опремата и нејзина коректна работа во процесот на работа, како и правилно ракување со алатот.
Основна одговорност: извршување на навремени и квалитетни сервисни активности на постројките и опремата од машински аспект, како за време на одвивање на производниот процес така и за време на ремонт, со цел обезбедување на континуиран процес на производство.
Работни услови: Работа во три смени во погонски услови, работа на височина за одредени позиции
Основни квалификации на кандидатите:
- IV степен на стручна подготовка, машински техничар за 5 извшители;
- III степен на стручна подготовка – машинска струка за 5 извршител;
- Релевантно работно искуство е пожелно, но не задолжително;
- Искуство со заварување и користење вилушкари ќе се сметаат за предност.
Извршители во електро одржување – 8 (осум) извршители
Опис на работно место:
- Извршување на активности од електро проблематиката како: шемирање на сите видови на ормари, изработка на електро инсталации, каблирање и поврзување на опрема, сервисирање на електрични склопови, вклучување и исклучување на електрични напојувања од трафостаници, чистење на високонапонска опрема и други слични активности;
- Контрола, дефектажа и отстранување на причината за дефектот на постројките и опремата;
- Грижа за исправноста на опремата и нејзина коректна работа во процесот на работа, како и правилно ракување со алатот.
Основна одговорност: извршување на навремени и квалитетни сервисни активности на постројките и опремата од електро аспект, како за време на одвивање на производниот процес така и за време на ремонт, со цел обезбедување на континуиран процес на производство.
Работни услови: Работа во три смени во погонски услови, работа на височина за одредени позиции
Основни квалификации на кандидатите:
- IV степен на стручна подготовка, електро техничар-енергетичар 5 извшители;
- III степен на стручна подготовка – електро механичар (инсталатер) 3 извршители;
- Релевантноработно искуство е пожелно, но не задолжително;
Дополнителни квалификации на кандидатите:
- Способност и желба за тимска работа;
- Флексибилност, адаптибилност и способност за работа во динамично опкружување;
- Самоиницијативност и посветеност;
- Совесност за безбедност при работа;
- Способност за работа под притисок и со рокови.
Што ние нудиме:
- Конкурентна плата;
- Динамично опкружуваше со можност за учење, развој и напредок;
- Позитивна работна средина.
Доколку сакате да станете дел од нашиот тим, испратете ја вашата кратка биографија по електронски пат преку полето Брза Апликација, или по пошта: Макстил АД Скопје, Сектор за човечки ресурси, ул. 16. Македонска бригада бр. 18, Скопје, со назнака Работно место – Машински техничар, најдоцна до 20.12.2019.
Макстил АД Скопје води посебна грижа за заштитата на лични податоци и за доверливоста на Вашата апликација