КОСТАЛ е денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана во вкупно 21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголемите производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, VW, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс-Ројс.
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие?
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи истовремено баланс помеѓу работата и приватниот живот.
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од
CNC Техничар/Инженер (CNC Technician / CNC Engineer)
Работни задачи и одговорности:
- Сетирање и ракување на CNC машините (CNC Mill, CNC EDM-electrical discharge machining...)
- Правење на програми за CNC машини
- Адаптирање на изработените програми според условите за работа
- Работа во CAD/CAM програм и проверка на зададени параметри согласно барањата од производството
- Изработка и корекција на техничка документација
- Одржување на CNC машините и работниот простор околу нив
Образование, искуство, вештини:
- ССС или ВСС од Машинска струка
- 3 годишно искуство во работа со CNC машини и (Mill i EDM)
- Искуство во програмирање CNC машини
- Познавање на софтвер за контрола на CNC машини (Heidenhain) ќе се смета за предност
- Познавање нa софтверот Catia 3D Design
- Познавање на Microsoft Office производи (Word, Excel, Power Point и E-Mail - Outlook) како и нумерички способности
- Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори)
- Спремност за патување и подолг престој на обука во странство
Краен рок за пријавување: 10 Јануари, 2020