Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
Mozzart
Компанијата Mozzart e најголемиот приредувач на игри на среќа во Југоисточна Европа, застапена на територијата на Република Србија, Романија, Република Српска, Хрватска, Македонија, а од скоро време и во Африка. Со повеќе од 1000 Уплатни места и околу 4300 вработени, апсолутно сме регионален лидер во оваа трговска дејност. Нашата деловна политика е заснована на модерни принципи на работење, константно унапредување на услугите и сфаќање на иновативноста и единственоста како императив. Свесни дека успехот на компанијата е невозможен без стимулативно, динамично и удобно работно окружување кое развива вештини, знаења и кариера на вработените, внимателно ја градевме својата репутација за најпосакуван работодавач.
За работа на територија на град Кочани и Гевгелија потребни ни се
ОПЕРАТЕРИ НА УПЛАТНИ МЕСТА
Основни должности:
Прием на уплатa и исплата на добитни тикети
Комуникација со играчи и давање потребни информации поврзани со услуги, резултати, услови и начин на играње
Грижа за безбедност на парични средства, како и грижа за опрема и уредите на уплатното место
Принтање резултати, дневни понуди и додатоци, ажурирање огласна табла, уклучување пренос од спортски настани
Припрема на топли и ладни пијалоци и послужување клиенти
Работа на фискална каса
Прием и проверка на роба и испратници од добавувачите
Одржување хигиена на шалтерот, шанкот и уплатното место
Услови:
IV степен стручна спрема
Пожелно работно искуство на работни места како трговци, комерцијалисти или на работни места во менувачница
Одлично познавање на работа со компјутер
Одговорност, лојалност, професионалност
Совесност, самодисциплинираност, прилагодливост
Смиреност, сталоженост, комуникативност
Насоченост кон тимска работа како и способност за самостојна работа
Доколку сакате да бидете дел од тимот на Mozzart, чија основна цел е да воспостави и ги подигне стандардите во областа на спортското обложување во Македонија и Источна Европа, Ве молиме Вашето CV и мотивационото писмо да ги испратите преку полето Брза Апликација. Во насловот на мејлот (subject) наведете ја позицијата за која аплицирате.
Краен рок за поднесување на пријавите 22.12.2019 година. Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг. Непотполните пријави нема да бидат разгледувани.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Останато изнесува 22.029 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!