Vrabotuvanje.com - Администратор/Kомерцијалист во одделот за Aдминистрација - Скопје - Друштво за техничко испитување, анализа, промет и услуги АПАВЕ СЕЕ ДОО Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Администратор/Kомерцијалист во одделот за Aдминистрација

Скопје

Рок за пријавување:

  • Друштво за техничко испитување, анализа, промет и услуги АПАВЕ СЕЕ ДОО Скопје


АПАВЕ СЕЕ е компанија која се занимава со услуги кои опфаќаат техничка инспекција и Испитување без разорување во сектор на нафтената индустрија (Oil & Gas). Нашиот кадар на вработени опфаќа круг на специјализирани инженери кои работат на проекти (техничка инспекција) претежно низ Европа, Западна Африка и Југоисточна Азија.

АДМИНИСТРАТОР/КОМЕРЦИЈАЛИСТ ВО ОДДЕЛОТ ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА

АПАВЕ има потреба од Администратори/Комерцијалисти кои ќе се придружат на нашиот тим во Одделот за Администрација - сектор одговорен за комерцијални активности, маркетинг, бизнис анализи и истражување на пазарот (домашен и меѓународен),  подготовка на комерцијални понуди и апликации при учество на тендерски наддавања, итн.

Потребни квалификации:

  • Високо образование – Економски факултет
  • Одлично познавање на англиски и француски јазик (говорен и пишан)
  • Задолжително познавање на компјутери (MS Office)

Како предност ќе се сметаат:

  • Работното искуство во областа на подготвување тендерска документација и комерцијални понуди
  • Интернационална комуникација

Сите заинтересирани за работа во меѓународна компанија и динамична средина треба да испратат кратка биографија преку полето Брза Апликација. Успешните кандидати ќе бидат најпрво повикани на иницијален разговор и тестирање на основните познавања во својата професија.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде