СОЛЕТА е успешна Македонска приказна која во изминатите 20 години со труд и напорна работа успеа да се изгради во препознатлив бренд со асортиман од 70-тина производи чијшто број во континуитет се зголемува, а за тоа е најзаслужен тимот од 110 вработени кој е распространет во секторите за производство, дистрибуција и продажба.
ИМП СОЛЕТА има потреба од лицe на следното работно место:
ПОМОШНИЧКА ВО КУЈНА
1 (еден) извршител
Kвалификации:
- Минимум ССС
Одговорности и задачи:
- Подготовка на готвени јадења, печено месо, салати, сендвичи согласно зададени нормативи (рецептури)
- Продажба на приготвената храна
Личен профил:
- Одговорност и прецизност
- Способност за тимска работа
- Флексибилна, комуникативна и динамична личност
- Лојалност и иницијативност
Услови за работа:
- 40 часа неделно
- Плата + додатоци + Регрес за годишен одмор (К15)
Вашите пријави испратете ги преку полето Брза Апликација!
Разгледување, селектирање и интервјуирање на пријавените кандидати ќе се врши во времетраење на огласот и по завршување на истиот.