АПАВЕ ГРУП е глобален лидер во своите услуги за Тестирање, Инспекција и Сертификација, чие што седиште се наоѓа во Франција, брои повеќе од 11.700 вработени на 48 локации низ светот. Компанијата има 150 години традиција во технички напредок, 34 лаборатории и центри за тестирање, како и 170 тренинг центри кои им овозможуваат на вработените да се стекнат со потребните знаења и вештини и да одговорат на барањата на повеќе од 200.000 интернационални клиенти.
АПАВЕ СЕЕ е регионален центар и дел од глобалната компанија, која се наоѓа на територија на Р. Северна Македонија и дава услуги од областа на техничка инспекција и испитување без разорување во нафтената индустрија (Oil & Gas). Нашиот кадар на вработени се специјализирани инженери кои работат на проекти за техничка инспекција, претежно низ Европа, Африка и Азија.
АПАВЕ СЕЕ како Регионален Центар има потреба од:
ПРАВНИК ВО ОДДЕЛНОТ ЗА ПРАВНА СЛУЖБА
Кој ќе се придружи на нашиот тим што раководи со зоната која ја имаме под наша одговорност во Африка, Азија и Европа, на сите локации за кои е надлежна канцеларијата.
Работни задолженија:
- Изготвување нацрт на договори со добавувачи / со клиенти;
- Следење на законски и подзаконски акти од делокругот на работата на друштвото;
- Водење и поднесување на пријави за регистрација и промени во друштвото;
- Застапување на друштвото пред судовите, управните и други органи, по овластување на Управителот и Техничкиот директор;
- Вршење на класификација на документи според нивото на доверливост;
- Организирање на осигурувањето на друштвото од настаната штета при вршење на дејност.
Потребни квалификации:
- Високо образование, Правен Факултет – насока: меѓународно право;
- Одлично познавање на англиски, француски јазик ќе се смета за предност;
- Одлично познавање на MS Office алатките за работа;
- Стратешко размислување и способност да ја спроведе стратегијата во акција;
- Искуство во работа во професионален и доверлив капацитет;
- Одлични комуникациски и интерперсонални вештини;
- Силни лидерски вештини;
- Висока адаптибилност и флексибилност;
- Добри вештини за управување и надзор;
- Вештини за проценка и решавање на проблеми;
- Подготвеност за патување.
Како предност ќе се смета:
- Интернационално искуство или искуство во глобално културно опкружување;
- Интерес за постојано усовршување.
Сите заинтересирани за работа во динамична и интересна деловна околина со можност за постојан развој својата кратка биографија со назнака „ Правник во одделот за Правна служба “ може да ја испратат преку полето Брза Апликација.
Напомена: Само успешните кандидати ќе бидат контактирани.