АПАВЕ СЕЕ е компанија која се занимава со услуги кои опфаќаат техничка инспекција и Испитување без разорување во сектор на нафтената индустрија (Oil & Gas). Нашиот кадар на вработени опфаќа круг на специјализирани инженери кои работат на проекти (техничка инспекција) претежно низ Европа, Западна Африка и Југоисточна Азија.
АПАВЕ има потреба од:
Администратори/Комерцијалисти
Kои ќе се придружат на нашите тимови во Одделот за Менаџирање на Проекти и Логистика и Компетентност на Персонал - оддел одговорен за планирање и организација на технички проекти низ Европа, Западна Африка и Југоисточна Азија, организирање на логистика на персонал, секојдневни административни и логистички активности, организирање интерни обуки и квалификување на технички персонал, итн.
Потребни квалификации:
- Високо образование;
- Одличен англиски јазик (говорен и пишан), познавање на француски јазик би било предност;
- Задолжително познавање на компјутери (MS Office).
Како предност ќе се сметаат:
- Работното искуство во областа на администрација и логистика;
- Интернационална комуникација.
Сите заинтересирани за работа во меѓународна компанија и динамична средина треба да испратат кратка биографија преку полето Брза Апликација. Успешните кандидати ќе бидат најпрво повикани на иницијален разговор и тестирање на основните познавања во својата професија.