Клучни одговорности:
- Врши надгледување на (ВН) високо напонски и (НН) ниско напонски постројки и секојдневно ги проверува АКУ-батериите
- Врши монтажа и демонтажа на ВН опрема
- Учествува и извршува задачи за сите интервенции во ВН постројки
- Врши контрола на температура на трансформатори, контрола на ниво на масло и досипување
- Врши замена на сијалици од кровното осветление во халата и поправка на светлосни арматури
- Извршува секакви работи од областа на инсталациите и поправки на истите во погонот
- Го менува сменскиот раководител доколку истиот е отсутен
- Ги извршува сите административни работи (извештаи, внесувања, известувања, итн) согласно процедурите за работа
- Се грижи за хигиената (чистотата) во својата смена и истата ја предава исправна на наредната смена.
- Ги спроведува мерките за заштита при работа, пожар и екологија
- Врши и други бизнис задачи по барање на неговиот/нејзиниот претпоставен
Потребни квалификации:
- ССС
- Работно искуство од мин. 2 години
Личен профил:
- Професионална експертиза
- Можност за работа во смени
- Строго почитување и примена на стандардите за Здравје и Безбедност при работа