Vrabotuvanje.com - Техничари во одржување - Скопје - Johnson Matthey
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Техничари во одржување

Скопје

Рок за пријавување:

  • Johnson Matthey
 
 
Оглас за работа: ТЕХНИЧАРИ ВО ОДРЖУВАЊЕ
 
Локација: Скопје, Македонија
 

Clean Air Division е светски лидер во производство и развој на технологии за авто катализатори. Ги користиме нашите знаења за креирање иновативни производи кои играат клучна улога во намалување на штетните гасови и подобрување на квалитетот на воздухот, животната средина, даваме целосна поддршка на нашите клиенти со цел исполнување на законските барања на глобално ниво.

Џонсон Мети има потреба од:

Машински техничар во одржување (Maintenance Technician- Mechanical)

Главни одговорности
  • Одржување на опремата од погонот за производство и останатата опрема која што го подржува работењето на погонот за производство, обезбедувајќи максимална ефикасност и минимално потрошено време.
  • Извршување на сите доделени обврски правилно, во договорената временска рамка, со почитување на барањата за здравје и безбедност при работа.
  • Справување со машински дефекти и превентивно одржување на опремата.
  • Асистирање во одржувањето на сите системи во рамките на фабриката.
  • Придонес за развој на одделот со иницирање на идеи за подобрување на ефикасноста/продуктивноста и безбедноста во сите работни области.
  • Работа со останатите колеги на совладување проблеми во функционирањето на опремата, изнаоѓање и имплементирање на нови подобри технички решенија, и сл.

Електро-техничар во одржување (Maintenance Technician - Electrical)

  • Одржување на опрема од погонот за производство и останата опрема која што го подржува работењето на истото, обезбедувајќи максимална ефикасност и минимално потрошено време.
  • Справување со електрични дефекти, инсталации и превентивно одржување.
  • Придонес кон развој на одделот со предлози/идеи за подобрување на ефикасноста, продуктивноста и безбедноста во сите работни области.
  • Грижа за резервните делови.
  • Работа со останатите колеги на совладување проблеми и изнаоѓање решенија, и сл.
  • Можност за стекнување знаења од областа на електротехниката во мултинационална компанија во и надвор од границите на државата.
Дали сте Вие идеалниот кандидат и имате?
  • Задолжително средно образование (техничка струка) / Високо образование (Машински/Електро).
  • Соодветно работно искуство со процеси и инструменти во одржување.
  • Познавање на опрема за автоматика: релејно контакторска опрема, сензори, индустриски мрежи и опрема за управување (за електро-техничари).
  • Техничко знаење и искуство во одржување пневматски системи и компоненти, хидраулични системи, горилници на земјен гас или нафта, одржување на мотори, пумпи, вентили, транспортери, мешалки (за машинските техничари).
  • Способност за независно работење, ефикасно решавање на проблеми под притисок со зададени рокови.
  • Потребно е основно познавање на говорен и пишан англиски јазик како и MS Office пакет.
Позицијата подразбира работа во смени 24/7.
 
Како да аплицирате:
 
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, ве молиме аплицирајте на следниот линк:
 

Краен рок за аплицирање: 28 Декември 2019

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Инсталации, Одржување и Поправки изнесува 24.722 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде