Vrabotuvanje.com - Инженер во одржување - машинска струка - Охрид - KOSTAL Group
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Инженер во одржување - машинска струка

Охрид

Рок за пријавување:

  • KOSTAL Group

КОСТАЛ е денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголемите производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, VW, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс-Ројс. 
 
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие? 
 
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи  истовремено баланс помеѓу работата и приватниот живот.
 
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
 
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од 
 
Инженер во одржување - машинска струка   (Maintenance engineer)

 
Работни задачи и одговорности: 
  • Изведување на разновидни обврски поврзани со инсталирање и одржување на опрема за производство;  
  • Поправка и решавање на проблеми поврзани со функционирањето на опремата;
  • Извршување на превентивни и предиктивни одржувања на опремата;
  • Одржување на редовна евиденција за работата и достапноста на резервните делови; 
  • Толкување на прирачници за опрема, креирање упатства за работа, подобрување и креирање на процедури за одржување и сервисирање; 
  • Анализирање на сигурноста и функционалноста на опремата, генерирање идеи за решавање на  проблеми поврзани со опремата, иницирање на решенија и координација на проекти за подобрувања, обезбедување минимално изгубено време и максимална ефикасност;
  • Следење и  почитување на безбедносните регулативи  да се одржување чиста и уредна работна средина;
  • Позицијата подразбира работа во 3 смени! 
 
Образование, искуство, вештини:
  • Дипломиран машински инженер; 
  • Најмалку 2 годишно искуство во оддржување (предност се смета искуството во автомобилска индустрија);
  • Техничко знаење и искуство во одржување пневматски системи и компоненти, хидраулични системи, дијагностицирање на проблеми од областа на машинствотот и електриката;
  • Дијагностицирање на проблеми со опрема, замена на соодветни делови и нивно тестирање;
  • Познавање на Microsoft Office производи (Word, Excel, Power Point и E-Mail - Outlook) 
  • Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);  познавање на германски јазик ќе се смета за предност;
  • Спремност за патување и подолг престој на обука во странство; 
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашета лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување за "Инженер во одржување - машинска струка   (Maintenance engineer)" преку полето Брза Апликација.
 
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди  еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
 
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
 

Краен рок за пријавување: 20 Јануари,2020

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде