Vrabotuvanje.com - Техничар за енергетска електроника - Охрид - KOSTAL Group
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Техничар за енергетска електроника

Охрид

Рок за пријавување:

  • KOSTAL Group

КОСТАЛ е денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголемите производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, VW, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс-Ројс. 
 
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие? 
 
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи  истовремено баланс помеѓу работата и приватниот живот.
 
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
 
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од 
 
Техничар за енергетска електроника (Power Electronics Technician)
 

Работни задачи и одговорности:
  • Обезбедува опремата за тестирање да функционира на стабилен начин и да ги исполнува барањата од нејзина функционална спецификација; 
  • Врши анализа на дефекти со цел навремено решавање на проблемите и намалување на прекините на производствениот процес; 
  • Bрши калибрација и редовно одржување на опремата за тестирање; 
  • Соработува со други техничари и инженери кои ги користат податоците од тестирањето со цел да се подобри квалитетот на производите како и процесите поврзани со нивниот дизајн.
 
Образование, искуство, вештини:
  • ССС или ВСС од електротехничка или мехатроничка струка; 
  • Познавање на енергетската електроника, теорија, пракса и искуство, искуството во сервисирање на потрошувачка електрониката ќе се смета за предност;
  • Способност за забележување на детали, високо ниво на точност и вештини за решавање проблеми; 
  • Познавање на Microsoft Office производи (Word, Excel, Power Point и E-Mail - Outlook) како и нумерички способности; 
  • Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори); 
  • Спремност за патување и подолг престој на обука во странство.
 
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашата лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување за "Техничар за енергетска електроника" преку полето Брза Апликација.
 
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди  еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
 
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
 

Краен рок за пријавување: 20 Јануари,2020

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Машинско инженерство и Бродоградба изнесува 26.404 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде