Vrabotuvanje.com - АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ ги објавува следните слободни работни места - Скопје - Алкалоид АД Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ ги објавува следните слободни работни места

Скопје

Рок за пријавување:

  • Алкалоид АД Скопје

Здравото човечко тело понекогаш буди повеќе од искрена восхит. За нас во АЛКАЛОИД постојана инспирација и стремеж е да го заштитиме и да го зачуваме овој скапоцен подарок на природата. Повеќе од 8 децении со неуморна страст создаваме производи што се синоним за врвен квалитет. Постојано инвестираме во нашиот сон за поздрав живот на секој поединец затоа што веруваме дека

ЗДРАВЈЕТО Е ПРЕД СÈ.

Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и да ги остварите своите амбиции и визии за свој личен успех; доколку сте посветени, лојални, креативни и насочени кон постигнување резултати, внимателно проследете ја следната информација:
 
А Л К А Л О И Д   А Д  С К О П Ј Е
 
ги објавува следните слободни работни места:
 

1. Оддел: Општи работи – Безбедност и здравје при работа (БЗР)
Позиција: помлад координатор за безбедност и здравје при работа - 1 (еден) извршител
 

Како ќе ве препознаеме?
  • Имате завршено високо образование, отсек Заштита при работа или друг технички отсек, со најмалку 5 години работен стаж во струката.
  • Имате високи познавања од областа на безбедност и здравје при работа.
  • Имате познавања од областа на ИСО-стандардите.
  • Имате вештини да управувате со повеќе работни обврски, со поставување приоритети, со идентификување и со лоцирање проблеми. 
  • Подготвени сте за брз одговор кон зададените задачи и за работа со кратки рокови.
  • Се одликувате со точност, прецизност и со педантност во работењето, со посебна грижа кон почитување на стандардите за безбедност и за здравје при работа.
  • Имате добри меѓучовечки и комуникациски способности.
  • Самоуверени сте во работата со пакетот MS Office.
  • Имате средно познавање на англискиот јазик.
  • Поседувате Уверение за стручно лице за безбедност при работа.
  • Поседувате возачка дозвола од Б-категорија и сте активен возач.
  • Сертификат за интерен аудитор за OHSAS 18001/ISO 45001 ќе се смета за предност.
Цел и одговорност на работното место:
  • Извршување на работните активности од доменот на безбедност и здравје при работа;
  • Учество во изготвување и во ажурирање стручна основа за изјавата за безбедноста;
  • Извршување внатрешен надзор над спроведувањето на мерките за безбедно извршување на работата;
  • Извршување активности околу редовните и контролни прегледи на хемиски, физички или на биолошките ризици во работната средина и околу редовните и контролни прегледи и испитување на работната опрема;
  • Изработка упатства за безбедно извршување на работата, со претходна консултација со директно претпоставените;
  • Извршување активности околу повредите поврзани со работењето, професионалните болести, околу идентификација на причините за нив и подготовка на извештаи за работодавачот, заедно со сите предложени безбедносни мерки со претходна консултација на директно претпоставените;
  • Извршување активности со претходна консултација на директно претпоставените;
  • Советување на работодавачот за планирање, избор, купување и за одржување на средствата за работа и опремување на работното место и на работната средина;
  • Извршување активности во врска со менаџирањето на хигиената во објектите и во фабричкиот круг;
  • Извршување активности во врска со менаџирањето на заштитата на вработените од заразни болести.
Работниот однос за позицијата првично се заснова со Договор за вработување на определено време од 3 (три) месеци до 1 (една) година, во зависност од искуството на кандидатот, со можност за продолжување на договорот.
 
Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, во една смена, со почеток од 7:30 или од 15:30 часот. Неделното работно време е од понеделник до петок.
 
Предвидената основна нето-плата за позицијата може да изнесува 34.546 МКД, со можност за континуирано напредување, а ќе зависи од работното искуство на кандидатот.
 
Писмото за мотивација, кратката биографија, копијата од Уверението за завршено потребно образование и копиите од сертификати и од дипломи да се достават на следната електронска адреса:career@alkaloid.com.mk
 
со назнака  „За оглас - помлад координатор за безбедност и здравје при работа” 
 
Вкупната големина на електронската апликација не треба да надминува 20 MB. 
 
При изборот на најповолен кандидат ќе биде спроведен процес на селекција, проследен со тестирања и со интервјуа.
 
Само кандидатите што ќе достават комплетна документација и што ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција и ќе бидат соодветно известувани за неговиот тек.
 
Огласот ќе биде отворен до 19.01.2020.
 
Изборот на најдобрите кандидати ќе биде извршен во рок од 45, 90 или од 120 дена од завршувањето на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавените кандидати, во согласност со членот 23 од Законот за работни односи.
 
 
2. Оддел: Информатичка технологија и телекомуникации
Позиција: администратор – 1 (еден) извршител
 
Како ќе ве препознаеме?
  • Имате завршено средно образование.
  • Искуство во работа со слични задолженија, канцелариско работење, работа со документација, а активно користење на алатките Windows Office ќе се смета за предност.
  • Имате вештини да управувате со повеќе работни обврски, со поставување приоритети, со идентификување и со лоцирање проблеми. 
  • Подготвени сте за брз одговор кон зададените задачи и за работа со кратки рокови.
  • Се одликувате со точност, прецизност и со педантност во работењето.
  • Имате добри меѓучовечки и комуникациски способности.
  • Активно го познавате англискиот јазик.
  • Самоуверени сте во работата со пакетот MS Office.
Цел и одговорност на работното место:
  • Ажурирање и поддршка за интерни документи (проекти, партнери, анализи, споредби);
  • Изработка, аналитика и одржување на тековна документација;
  • Ажурирање и одржување на обрасци (барања, известувања, извештаи, анализи);
  • Оперативно ажурирање податоци во деловни системи (ЕЕРВ, Контрола на пристап);
  • Работа во согласност со корпоративната политика и со процедурите.
Работниот однос за позицијата првично се заснова со Договор за вработување на определено време од 3 (три) месеци до 1 (една) година, во зависност од искуството на кандидатот, со можност за продолжување на договорот.
 
Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, во една смена, со почеток од 7:30 или од 15:30 часот. Неделното работно време е од понеделник до петок.
 
Предвидената почетна основна нето-плата за позицијата може да варира од 18.508 МКД до 27.945 МКД, со можност за корекција во зависност од работното искуство на кандидатот.
 
Писмото за мотивација, кратката биографија, копијата од Уверението за завршено потребно образование и копиите од сертификати и од дипломи да се достават на следната електронска адреса:career@alkaloid.com.mk
 
со назнака  „За оглас – администратор“
 
Вкупната големина на електронската апликација не треба да надминува 20 MB. 
 
При изборот на најповолен кандидат ќе биде спроведен процес на селекција, проследен со тестирања и со интервјуа.
 
Само кандидатите што ќе достават комплетна документација и што ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција и ќе бидат соодветно известувани за неговиот тек.
 
Огласот ќе биде отворен до 19.01.2020.
 
Изборот на најдобрите кандидати ќе биде извршен во рок од 45, 90 или од 120 дена од завршувањето на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавените кандидати, во согласност со членот 23 од Законот за работни односи.
 
 
3. Оддел: Информатичка технологија и телекомуникации
Позиција: систем-оператор – 1 (еден) извршител
 
Како ќе ве препознаеме?
  • Имате завршено средно образование, а за предност ќе се смета техничко образование или образование врзано со ИТ&Т–опрема.
  • Имате најмалку 2 години работно искуство од областа за поддршка на корисници со инфраструктурата Microsoft / Windows. 
  • Имате искуство во работата / поддршката со корисници, ИТ-сервис (информатичка и/или друга компанија).
  • За предност ќе се смета доколку имате искуство од примената / поддршката на комплексната инфраструктура.
  • Имате вештини да управувате со повеќе работни обврски, со поставување приоритети, со идентификување и со лоцирање проблеми. 
  • Подготвени сте за брз одговор кон зададените задачи и за работа со кратки рокови.
  • Се одликувате со точност, прецизност и со педантност во работењето, со посебна грижа за комуникација при поддршка на корисници.
  • Имате добри меѓучовечки и комуникациски способности.
  • Самоуверени сте во работата со пакетот од инфраструктурата Microsoft/Windows, PC hardware, printers
  • Активно го познавате англискиот јазик.
  • Поседувате возачка дозвола од Б-категорија и сте активен возач.
  • Имате посетено обуки од инфраструктурата Microsoft/Windows, help desk, мрежи и од телефонија од операторски аспект.
  • Активно користите интернет-сервиси.
Цел и одговорност на работното место:
  • Учество во активностите за нормално функционирање на ИТ&Т, мрежна и телефонска опрема и поддршка на корисниците;
  • Грижа за подготовка, поврзување, одржување и за отстранување дефекти на телефонска, мрежна и на опрема за печатење кај корисниците;
  • Учество во активности за следење и за одржување телефонска и мрежна инфраструктура и опрема за печатење;
  • Учество во креирање и во одржување на интерната документација во согласност со интерните стандарди.
Работниот однос за позицијата првично се заснова со Договор за вработување на определено време од 3 (три) месеци до 1 (една) година, во зависност од искуството на кандидатот, со можност за продолжување на договорот.
 
Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, во една смена, со почеток од 7:30 или од 15:30 часот. Неделното работно време е од понеделник до петок.
 
Предвидената почетна основна нето-плата за позицијата може да варира од 18.508 МКД до 27.945 МКД, со можност за корекција во зависност од работното искуство на кандидатот.
 
Писмото за мотивација, кратката биографија, копијата од Уверението за завршено потребно образование и копиите од сертификати и од дипломи да се достават на следната електронска адреса:career@alkaloid.com.mk
 
со назнака „За оглас – систем-оператор” 
 
Вкупната големина на електронската апликација не треба да надминува 20 MB. 
 
При изборот на најповолен кандидат ќе биде спроведен процес на селекција, проследен со тестирања и со интервјуа.
 
Само кандидатите што ќе достават комплетна документација и што ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција и ќе бидат соодветно известувани за неговиот тек.
 
Огласот ќе биде отворен до 19.01.2020.
 
Изборот на најдобрите кандидати ќе биде извршен во рок од 45, 90 или од 120 дена од завршувањето на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавените кандидати, во согласност со членот 23 од Законот за работни односи.
 
4. Оддел: Логистика – транспорт
Позиција: диспечер на транспорт - 1 (еден) извршител
 
Како ќе ве препознаеме?
  • Имате завршено високо или средно образование и имате минимум две години работен стаж во струката.
  • Имате основни познавања од шпедиторското работење.
  • Имате високо познавање од организација на патен транспорт во внатрешен и во меѓународен сообраќај.
  • Подготвени сте за брз одговор кон зададените задачи и за работа со кратки рокови.
  • Се одликувате со точност, прецизност и со педантност во работењето.
  • Имате способност за работа под притисок.
  • Имате способност за тимска работа.
  • Имате изразени организациски вештини.
  • Имате познавање и од други транспортни компании – мрежа на контакти.
  • Имате познавање за работа со транспортна документација.
  • Самоуверени сте во работата со пакетот MS Office.
  • Имате основно познавање на англискиот јазик.
Цел и одговорност на работното место:
  • Обезбедување возила за увоз и за извоз на стока, комуникација со возачи;
  • Комуникација со шпедиторски и со транспортни компании – соработници при ангажирање надворешни возила за навремен транспорт, како и комуникација, по потреба, со добавувачите;
  • Примање нарачки, налози, преку електронска пошта, телефон, факс или преку компјутер, координирање со вработените од продажба, снабдување за домашен и за странски пазар;
  • Координација со раководителот на транспорт и правење план за реализација;
  • Вадење патни налози за службени возила;
  • Обезбедување и организација на потребна превозна документација (фактури, картички за гориво, дневник за нарачки - налози).
Работниот однос за позицијата првично се заснова со Договор за вработување на определено време од 3 (три) месеци до 1 (една) година, во зависност од искуството на кандидатот, со можност за продолжување на договорот.
 
Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, во една смена, со почеток од 7:30 или од 15:30 часот. Неделното работно време е од понеделник до петок.
 
Предвидената основна нето-плата за позицијата може да варира од 27.945 МКД до 40.095 МКД, со можност за корекција во зависност од работното искуство на кандидатот.
 
Писмото за мотивација, кратката биографија, копијата од Уверението за завршено потребно образование и копиите од сертификати и од дипломи да се достават на следната електронска адреса:career@alkaloid.com.mk
 
со назнака  „За оглас – диспечер на транспорт” 
 
Вкупната големина на електронската апликација не треба да надминува 20 MB. 
 
При изборот на најповолен кандидат ќе биде спроведен процес на селекција, проследен со тестирања и со интервјуа.
 
Само кандидатите што ќе достават комплетна документација и што ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција и ќе бидат соодветно известувани за неговиот тек.
 
Огласот ќе биде отворен до 19.01.2020.
 
Изборот на најдобрите кандидати ќе биде извршен во рок од 45, 90 или од 120 дена од завршувањето на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавените кандидати, во согласност со членот 23 од Законот за работни односи.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Човечки ресурси изнесува 36.801 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде