Vrabotuvanje.com - Агент за контакт центар - Скопје - Македонски Телеком АД Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Агент за контакт центар

Скопје

Рок за пријавување:

  • Македонски Телеком АД Скопје

 
Македонски Телеком АД е водечки национален телекомуникациски оператор и е дел од Групацијата Дојче Телеком.Согласно својата мисија и стратегија за развој, компанијата постојано го унапредува своето портфолио на производи и услуги, притоа воведувајќи новини во работењето, а се со цел да одговори на потребите на своите корисници. Во функција на остварување на оваа наша стратешка определба, постојано ги следиме и применуваме најновите методи и трендови во процесот на вработување и управување со човечките ресурси работејќи според највисоките светски стандарди.  
 
Заради пополнување на позиција во нашиот тим, имаме потреба од амбициозни, креативни и посветени кандидати кои несебично ќе одговорат на работните предизвици .
 
Бараме  Агент за контакт центар  - 8 извршители
 
Служба за контакт центар во  Секторот за кориснички услуги во Област на Главниот комерцијален директор за приватни корисници

 
Одговорности:
  • Доделени на агентот зависат од skill-овите  за кои агентот е оспособен со претходна обука.  Во текот на разговорот агентот треба да ги запазува сите елементи на комуникација  кои се дел од критерумите за оцена на разговор.
  • Одговара на барањата на корисниците (постојни или потенцијално нови) иницирани преку E-Mail каналот. Детално го разгледува проблемот на корисникот со цел да го разбере. Да разбере  што корисникот бара и што очекува како одговор. Ги прибира сите потребни податоци (од постојните ИТ системи и во комуникација со колеги од други сектори) за припрема на соодветен одговор кон корисникот. Припрема соодветен одговор до корисникот и му го испраќа на корисникот во временски дефинирани рамки.
  • Извршува активности кои произлегуваат од разговорот (Активации/Деактивации на сервиси и услуги,  Барања за продажба, креирање на нарачки, Промени на кориснички податоци, Промени на тарифни модели, Внесување на пречки за технички проблеми кој ги пријавува корисникот, а неможе да се решат по телефон) во соодветните ИТ системи.
  • Заокружување на разговорот со внесување на соодветен код/ови за класификација на разговорот.
  • Правење на појдовни повици (Истражувања на пазарот по телефон за обезбедување на feedback од корисниците, опомени за неплатен долг и друго, Потсетувачки повици кон корисници(потсетување за неплатен долг, извршување на нарачка, и.т.н), Повици за информирање за веќе активирани сервиси, Повици за проверка на решените пречки на корисниците, од страна на техничките служби ) во однос на потребите на работата
  • Давање на информации и технички инструкции за услугите и производите со цел задоволување на барањата на корисникот.
  • Проактивна продажба и понуди за задржување на корисници  по телефон за реализација на планот за продажба
 
Квалификации:
  • Средно образование 
  • 1 година соодветно работно искуство
  • Добро познавање на англиски јазик
  • Познавање на MS Office
  • Технички познавања ќе се смета за предност
 
Работно време:
  • Работа во смени 
  • Работа со пола работно време - четири (4) часа

Начин на ангажирање
  • Ангажман на определено време

Што нудиме:
  • Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија
  • Бенефиции од користење на услугите на МКТ
  • Бесплатен фитнес клуб во рамките на компанијата
  • Останати бенефиции како вработен во МКТ
     
Како да аплицирате:
Вашето CV испратете го електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx или истото да го испратите на следнава career@telekom.mk,  и/или на адреса на Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за  - Агент за контакт центар  
 
Огласот ќе биде објавен на ден 17.01.2020  година и ќе трае  до  25.01.2020 година
 
Контакт информации тел. 02/3 242-602, e-mail: career@telekom.mk,
 
Забелешка:
Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.
 
Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.
Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
ИТ, Телекомуникации изнесува 45.517 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде