Vrabotuvanje.com - Специјалист за наплата - Скопје - Финансиско друштво ТИГО Фајнанс
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Специјалист за наплата

Скопје

Рок за пријавување:

  • Финансиско друштво ТИГО Фајнанс
 
 

ТИГО Фајнанс е водечка финтек компанија во регионот која обезбедува обсег на финансиски услуги. Врз основа на докажаното искуство и достигнувања во индустријата со седиште во Скопје, компанијата има за цел да понуди микрофинансиски услуги на физички лица на наједноставен и  најбрз начин. 
 
Дали и вас ви е важно колку и нам  постојано да ги подобрувате вашите професионални вештини, напредувањето во кариерата и рамнотежата помеѓу работата и приватниот живот? Со нас, можете да ги живеете секој ден сите овие вредности. 
 
Нашите вработени се нашата најголема вредност и тие го прават Тиго неверојатно место за учење, работа и создавање на нивната и нашата иднина. Сакаме секој ден да го чувствуваме како можност и да бидеме опкружени со оптимизам и креативност. 
 
Поради брзиот раст на компанијата нудиме одлична можност за вработување на  
 
Специјалист за наплата

 
Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, со цел градење на успешна компанија, притоа имајќи позитивен став во обезбедување на исклучителни услуги кон нашите корисници. 
 

Позицијата вклучува:

  • Патување и посета на клиенти кои доцнат со плаќање
  • Информирање за достапните опции за избегнување на зголемување на долгови 
  • Одлична просторна ориентација во населени места
  • Управување со сопствен обем на работа и приоретизирање врз основа на географската област за да се обезбеди продуктивност
  • Одлична комуникација со клиенти
  • Работа согласно процедури за редовна наплата
  • На оваа позиција вработениот одговара пред Менаџер за наплата на побарувања 

 
Профил на кандидат:

  • Искуство во наплата се смета за предност
  • Одлични комуникациски вештини
  • Вештини за преговарање и убедување
  • Внимание на детали и ориентираност кон резултати
  • Професионалност и почитување на приватноста и податоците на клиентите
  • Флексибилност за извршување на работните задачи во сите општини во РМ
  • Возачка дозвола Б категорија 

 
Услови од компанијата:

  • Работно време понеделник до петок 08.00-16.00 часот
  • Современа и најнова технологија
  • Атрактивен пакет на бонуси
  • Велнес програми и придобивки од попусти
  • Дополнително колективно осигурување
  • Можност за напредување
  • Динамични работни услови во брзорастечка компанија
  • Службено возило 

 
Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, Ве молиме испратете Ваша биографија и мотивационо писмо на македонски јазик преку полето Аплицирај. Компанијата  е работодавач кој нуди еднакви можности за сите. Со аплицирање на овој профил, вашата апликација ќе стане дел од нашата база на потенцијални кандидати. 

 
Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје 

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде