Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нудиме брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому.
Нашиот тим се состои од професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и ИТ. Поради брз раст на компанијата, повикуваме амбициозни лица да аплицираат на позицијата Специјалист за телефонска продажба.
Специјалист за телефонска продажба
Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, со цел градење на успешна компанија, притоа имајќи позитивен став во обезбедување на исклучителни услуги кон нашите корисници.
Позицијата вклучува:
- Развива канали на продажба на производите и услугите;
- Изготвува бази на корисници за продажба;
- Контактира со потенцијални корисници преку телефон со разни методи на продажба;
- Води евиденција и ја ажурира базата на податоци;
- Ги оценува потребите на корисниците, истражува и дава предлози за воведување нови производи и услуги;
- Изготвува неделни и месечни извештаи;
- На оваа позиција вработениот одговара пред Менаџер на центар за грижа на корисници.
Профил на кандидат:
- Релевантно искуство од најмалку 1 година;
- Познавање на англиски јазик и MS Office;
- Вештини за преговарање и убедување преку телефон;
- Одлични комуникациски и продажни вештини;
- Внимание на детали и ориентираност кон резултати;
- Флексибилност за работа во две смени во работно време 08.00-20.00, понеделник-сабота.
Услови од компанијата:
- Современа и најнова технологија;
- Можност за напредување;
- Динамични работни услови во брзорастечка компанија.
Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, Ве молиме испратете Ваша биографија и мотивационо писмо на македонски јазик преку полето Брза Апликација.
Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. ТИГО Фајнанс го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.
Со самото аплицирање, кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во биографијата и мотивационото писмо да бидат чувани во базата на податоци и обработувани од ТИГО Фајнанс во рок од 1 година од денот на истекот на рокот за избор. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци.
Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје