
Од основањето во 1949 година, ние во ASICS посветено се залагаме за негување на младите во светот преку спортот, со цел на тој начин да придонесеме за општеството. Нашата визија е „Да создадеме квалитетен животен стил преку интелигентна спортска технологија“, а наша мисија е креирање производи кои овозможуваат здрав и исполнет начин на живот, низ целиот свет.
Согласно вредностите на ASICS, сечиј инпут и придонес е за почит. Негуваме заедничка соработка и ангажираме членови на тимот кои никогаш не се задоволуваат со постигнатото - секогаш ги поместуваат своите граници и постојано се во потрага по начини за подобрување на своите перформанси. Нашиот тим е составен од иновативни и креативни луѓе, секогаш спремни за нови предизвици, кои секогаш се трудат да ја постигнат и надминат следната цел.
Ако ова звучи како тебе, аплицирај за позицијата:
ЛИЦЕ ЗА ПРОДАЖБА
Потребни квалификации:
- Образование: Минимум III степен;
- Претходно работно искуство не е задолжително;
- Познавање на англиски јазик;
- Познавање на работа со компјутери; неопходно за работа со фискална каса.
Главни задачи и одговорности:
- Продажба и комуникација со клиенти;
- Се грижи и обезбедува квалитетна услуга;
- Ги обезбедува потребните информации за производите;
- Се грижи за изгледот и хигиената на објектот;
- Евидентирање на податоци од клиенти доколку во моментот не може да бидат услужени со баран производ;
- Изложување на артикли на соодветно место за истите;
- Наплата и издавање фискални сметки;
- Секојдневно уредување на магацинот согласно дадени насоки од претпоставено лице;
- Запознавање на клиентите со програмата за лојалност и издавање картички;
- Примање на поплаки според процедура.
Личен профил и посакувани способности и вештини:
- Комуникациски вештини;
- Професионалност во работењето;
- Лојална личност, ориентирана кон остварување на целите;
- Професонално презентирање на производите;
- Способност и желба за решавање на конфликти;
- Тимска посветеност, добра соработка со колегите.
Очекувани карактеристики:
- Упорност, стремеж кон постигнување на целите;
- Прилагодување на нови методи и процедури;
- Интерес кон спорт како и познавање на спортот.
Доколку бараната позиција претставува предизвик за Вас, Ве охрабруваме Вашата Професионална биографија да ја испратите преку полето "Брза Апликација"

