Vrabotuvanje.com - Референт во сектор за финансии - Скопје - Саник Инженеринг
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Референт во сектор за финансии

Скопје

Рок за пријавување:

  • Саник Инженеринг
Саник Инженеринг е градежна компанија основана 23.01.2006 со 13 годишно искуство во областа на градежништвото. Основана од страна на Сашо Петковски компанијата веќе има тим од 20 вработени кои постојано се стремат кон постигнување на светските трендови и квалитет во градежништвото пружајќи ви идеално решение коешто вие ќе го нарекувате дом!

Саник Инженеринг има потреба од следната работна позиција


РЕФЕРЕНТ ВО СЕКТОР ЗА ФИНАНСИИ


Потребни квалификации:

  • Висока стручна спрема
  • Работно искуство во банка ќе се смета за предност

Основни задачи и одговорности:

  • Изготвување на финансиски планови
  • Изготвување анализа за потребите на друштвото
  • Комуникација со деловните банки
  • Изготвување на интерни бизнис планови за потребите на друштвото
  • Порамнување на сметки за плаќање и побарувањата со деловни партнери во одредено време
  • Проверка на сметководствената евиденција и трошоци
  • Врши и други работи од областа на сметководството, финансиите или други административни работи по барање на главниот сметководител или од други структури за управување
  • Основно познавање на сметководство

Личен профил:

  • Одговорна и лојална личност
  • Самоиницијативност и посветеност на работата
  • Подготвеност за индивидуална и тимска работа 
  • Посветеност за точноста

Ние нудиме:

  • Редовни месечни примања, к-15 и бонуси
  • ​Пријатна работна атмосфера

 Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија со назнака за позицијата, преку полето Брза Апликација.​

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде