
Командитното друштво со акции за транспорт ОИЛКО КДА - Скопје, распишува:
О Г Л А С
За вработување на 10 (десет) извршители на определено време од 3 (три) месеци, на работно место
ВОЗАЧ
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
- Завршено средно образование;
- Најмалку 3 (три) години работно искуство во управување со товарно возило,
- Возачка дозвола Ц и Е категорија и
- Поседување на важечка возачка картичка, АДР сертификат и сертификат за професионална компетентност на возач за учество во меѓународен превоз на патници и стоки.
Заинтересираните кандидати треба да достават:
- Писмо за мотивација;
- Кратка биографија;
- Копија од диплома за завршено образование и
- Копија од сертификати и уверенија.
Работното време се одвива во смени. Прекувремената работа, работата за време на неработни денови или на денови на празници е платена согласно Законот за работните односи и подзаконските акти.
