Помошници во кујна (5 Извршители)
во Подружница во Кавадарци
Се работи со најсовремена угостителска опрема и по строго пропишани работни процедури. Работата е организирана во три смени, 40 часа неделно, работата во трета смена и празнични работни саати се плаќаат дополнително, согласно законската регулатива на Р.Македонија.
Опис на работни задачи:
- Припрема на суровини во согласност со претходно утврдени нормативи и дефинирани упатства за работа,
- Одговорен за помош на Готвачите во тековното завршување на работните задачи,
- Одржување на хигиена во кујната: приборот, опремата и работните површини,
- Одговорен за брзо и квалитетно послужување на клиентите и запазување на нормативите при делење на храна.
Потребни квалификации и способности:
- Завршено средно образование,
- Претходно работно искуство во дејноста ќе се смета за предност,
- Организациски способности и самоиницијативност,
- Тимска работа,
- Висока свест за лична хигиена,
- Одговорност и доверливост,
- Работа под притисок.
Доколку сакате да бидете дел од нашиот тим, испратете ги Вашите пријави преку полето Брза Апликација.
Веб страна: http://industriservis.mk/