БРАВАР – ЗАВАРУВАЧ
Клучни одговорности и задачи:
- Врши демонтажа, поправка и монтажа на машински компоненти и делови
- Врши тековни и превентивни прегледи на крановите
- Активно учествува во отстранувањето на дефекти од машинска природа кои настануваат на крановите
- Активно учество во плански активности иремонти на кранови (замена на тркала, сајла, монтажа и демонтажа на редуктори и на други машински делови, итн)
- Се служи со апарат за заварување и изработува разни делови потребни за нормална работа на крановите
- Правилно ги употребува алатите и помошните средства при демонтажа, санација и монтажа на опремата како и при заварување
- Ги спроведува мерките за заштита при работа, пожар и екологија
- Средно стручно образование
- Работно искуство од мин. 3 години во областа
- Професионална експертиза
- Можност за работа на висина
- Строго почитување и примена на стандардите за Здравје и Безбедност при работа