ЗА ТВОЈАТА НОВА РАБОТА:
Позицијата Унапредувач на пазарот е срцето на Пивара Скопје. Улога каде што го гледаш позитивното влијание од твојата секојдневна работа. Како унапредувач на пазарот ќе бидеш задолжен да го развиваш портфолиото на водечки глобални и локални брендови на пијалaци.
При секојдневното сретнување со нашите клиенти и потрошувачи, ти ќе бидеш лицето на Пивара Скопје. Во рамките на твојот нов тим, ќе добиеш поддршка за професионално развивање во пријателска и поттикнувачка средина. После позитивна процена на твојот учинок, ќе добиеш можност низ обуки да се подготвиш за лидерска позицијата и да го развиваш нашиот бизнис. Одлична можност да наточиш искуство со Coca Cola HBC & HEINEKEN.
ДАЛИ СИ ТИ ОВА?
- Преферираш работа на терен, наместо канцелариска;
- Сакаш интернационална кариера;
- Сакаш тимска работа и уживаш да работиш со различни луѓе;
- Ориентиран си кон потрошувачите и градиш силни врски со нив;
- Сакаш нови предизвици и тежнееш кон успеси.
ШТО Е ТОА ШТО ГО БАРАМЕ?
- Високо образование ќе се смета за предност;
- Возачка дозвола Б-категорија;
- Добро познавање MS Office (Excel, Word, Power Point);
- Добро познавање англиски јазик;
- Чувство за односи со клиенти.
КРАТОК ОПИС НА ОСНОВНИТЕ ОДГОВОРНОСТИ:
- Спроведување дневни активности поврзани со остварувањето на целите, унапредување на продажбата и пазарот;
- Дневна комуникација и градење долгорочни односи со потрошувачите и со дистрибутивната мрежа;
- Обезбедување соодветна присутност и изложеност на производите согласно стандардите на компанијата;
- Истражување и разрешување поплаки од клиенти;
- Генерирање и проследување нарачки до производителот;
- Собирање и анализа на податоци за продажбата, изготвување прегледи и извештаи за продажбата и производите;
- Подготовка на соодветна документација за продажба;
- Давање насоки на клиентите за употреба на производите.
КАКО ЌЕ ЗНАЕШ ДЕКА СИ УСПЕШЕН:
- Со исполнување на целите во: обем на продажба, активација на пазарот, задоволство на потрошувачите, дневно извршување и контрола на опрема.
- Со добивање константен фидбек од твојот лидер, тим и потрошувачите.