Vrabotuvanje.com - Возач на локомотива (Внатрешен транспорт) - Скопје - ArcelorMittal
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Возач на локомотива (Внатрешен транспорт)

Скопје

Рок за пријавување:

  • ArcelorMittal


АрцелорМиттал Скопје, дел од групацијата Либерти Стил, е еден од најголемите производители на челични производи на Балканот и нуди ладновалани котури и табли, поцинкувани котури и табли и пластифицирани котури, главно за сегментот на општа индустрија на регионалниот пазар. 


Возач на локомотива (Внатрешен транспорт)


Клучни одговорности

  • Управува со локомотива за внатрешни потреби на компанијата (во капацитетите на компанијата)
  • Прави визуелна редовна проверка за исправност на локомотивата 
  • Управува со индустриските машини (мал и голем виљушкар) на работодавачот согласно сертификатите што ги поседува 
  • Самостојно го одржува возилото со кое управува 
  • Се грижи за хигиената (чистотата) во својата смена и истата ја предава исправна на наредната смена
  • Ги спроведува мерките за заштита при работа, пожар и екологија 
  • Врши и други бизнис задачи по барање на неговиот/нејзиниот претпоставен

Потребни квалификации:

  • Средно стручно образование, Сообраќајна струка, Насока – Машиновозач за дизел и електрични влечни возила 
  • Поседување соодветен сертификат за управување со вилушкар ќе се смета за предност при селекцијата

Личен профил:

  • Професионална експертиза
  • Можност за работа во смени 
  • Строго почитување и примена на стандардите за Здравје и Безбедност при работa
 
Ве повикуваме да ја доставите Вашата професионална биографија - CV преку полето Брза Апликација со назнака “Апликација за позиција – Возач на локомотива“ најдоцна до 18.03.2020 година.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Машинско инженерство и Бродоградба изнесува 26.404 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде