Vrabotuvanje.com - Главен оператор (оддел Поцинкална) - Скопје - ArcelorMittal
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Главен оператор (оддел Поцинкална)

Скопје

Рок за пријавување:

  • ArcelorMittal


АрцелорМиттал Скопје, дел од групацијата Либерти Стил, е еден од најголемите производители на челични производи на Балканот и нуди ладновалани котури и табли, поцинкувани котури и табли и пластифицирани котури, главно за сегментот на општа индустрија на регионалниот пазар. 

Главен оператор (оддел Поцинкална)


Клучни одговорности

  • Врши примо-предавање на исправен систем за нанос на цинкова наслага за квалитетот на поцинкувана трака и процесирање на материјалот со бараната цинкова наслага
  • Oдговорен за спроведување на технолошките параметри (брзина на процес, затегање во процес и затегање на излезен дел)
  • Учествува во вадење на долна згура
  • Повремено учествува во одржувачки активности за кои е претходно обучен и квалификуван
  • Во отсуство на техничар на процес, вработениот може да:
  • Го води технолошко-техничкиот процес на линијата
  • Одговара за правилно спроведување на пропишаните регулативи за работа
  • Ја контролира исправноста на линијата и ја запазува работната динамика и дисциплина
  • Соработува со машинско и електро одржување, МРТ и линиската контрола за отстранување на дефекти
  • Ја контролира работата на печките и гасната подстаница
  • Ги контролира резултатите од линиската лабораторија
  • Го контролира квалитетот и квантитетот на производот
  • Го контролира пакувањето на котурите и точноста на вагањето
  • Ја контролира и евидентира потрошувачката на превлаки, хемикалии и енргенси
  • Соработува со технолозите и работилница за валци и обезбедува резервни валци
  • Навремено обезбедува материјал, премази и хемикалии за континуирана работа, извршува и други задачи дадени од претпоставените, ги спроведува мерките за заштита при работа, пожар и екологија, учествува во ремонти.
  • Учествува во извршување на ремонтни активности и чистење на опремата на целата постројка
  • Врши и други бизнис задачи по барање на неговиот/нејзиниот главен претпоставен
     

Личен профил:

  • Професионална експертиза
  • Можност за работа во смени 
  • Строго почитување и примена на стандардите за Здравје и Безбедност при работa
 
Ве повикуваме да ја доставите Вашата професионална биографија - CV преку полето Брза Апликација со назнака “Апликација за позиција – Главен оператор (оддел Поцинкална)“ најдоцна до 18.03.2020 година.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Машинско инженерство и Бродоградба изнесува 26.404 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде