ЗА ТВОЈАТА НОВА РАБОТА:
Позицијата планер на побаривачка е клучот во протокот на информации и планирањето помегу продажбата и производството. Како Планер на побарувачка ти ќе бидеш главната алка при обезбедувањето информации и евалуација на планот за количини и предупредување на можни ризици или можности.
ДАЛИ СИ ТИ ОВА?
- Имаш искуство во стратешко планирање и користење алатки за известување;
- Преферираш динамична работа;
- Сакаш интернационална кариера;
- Проактивен/а си и одлучен/а;
- Сакаш тимска работа и уживаш да работиш со различни луѓе;
- Сакаш нови предизвици и тежнееш кон успеси.
ШТО Е ТОА ШТО ГО БАРАМЕ?
- Високо образование, предност - Економија, Финансии и Статистика;
- 2 + години искуство на инедтична или слична позиција;
- Напредно познавање на алатките MS Office (Excel, Word, Power Point);
- Напредни аналитички вештини и пасија за работа со бројки;
- Добро познавање на деловниот англиски јазик
КРАТОК ОПИС НА ОСНОВНИТЕ ОДГОВОРНОСТИ:
- Одговорен/а за обезбедување на времени и прецизни планови за побарувачка врз основ на податоци обезбедени од одделите на продажба и производство;
- Комуницира со одделите на продажба, маркетинг, финансии и синџир на набавка со цел да ги идентификува факторите при прогнозирање на побарувачката;
- Континуирано идетификувње на неусогласенос од прогнзорањето во однос на буџетот и навремено информирње на Менаџментот за настанатите девијации;
- Спроведува неделни состаноци за планирање и ги имплементира најновите информации помеѓу функциите во прогнозите;
- Ја мери евалуацијата на планираните податоци за количина во однос на актуелните резултати за продажба;
- Го дефинира и имплементира адекватниот план во случај на девијација;
- Одговара за координација и оптимизација на процесот за планирање.
КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ:
Кандидатите кои ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниов начин: да пристапат на полето аплицирај веднаш (apply now) и да прикачат своја кратка биографија и писмо за интерес најдоцна до 18.03.2020.
Работниот однос се заснова на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување договор на неопределено време. Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа.
Висината на основната бруто-плата зависи од тоа колку кандидатот ги исполнува условите на работното место.
Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати.
Со праќање на Вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.
Пивара Скопје АД една од водечките компании во Северна Македонија со 96 години традиција, богато портфолио на производи и број еден позиција на пазарот ви нуди вистински предизвик. Пивара Скопје АД е дел од големите интернационални семејства на Coca-Cola HBC и HEINEKEN.